Започна распределбата на училишните униформи во основните училишта во Велес. Градоначалникот Марко Колев денеска им ги подели униформите на учениците од ООУ „Васил Главинов“ и од ООУ „Блаже Конески“.
Во наредниот период ќе се поделат униформите на сите учениците од основните училишта во градот и околните населени места.
Со оваа мерка Општина Велес има за цел да создаде еднакви услови за учениците, намалување на финансиските трошоци за семејствата како и намалување на врсничките поделби по овој основ.