ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА МЛАДИТЕ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ

Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2021, денес во медиотеката на ЛБ „Гоце Делчев” во Велес се одржа едукативна работилница на тема „Младите и безбедноста на патиштата “ со цел промовирање на безбедноста, здравјето и благосостојбата на младите луѓе во сообраќајот. Предавачи на работилницата беа претставници од МВР-СВР Велес кои на интерактивен…

ВО НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДРЖИ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН

Во недела на 19 септември ќе се одржи осмиот по ред велешки пливачки маратон, најави денеска на прес конференција Градоначалникот Коцевски. Организатор на традиционалниот маратонот е „Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28„ а ќе се реализира со техничка поддршка на Општина Велес, ОО на Црвен крст од Велес , и на Кајак клубот „Бабуна.…

СОЗДАДЕНИ УСЛОВИ ЗА ВЕЛОСИПЕДСКИ ТУРИЗАМ КРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Денеска покрај езерото Младост пристигнаа 20 електрични велосипеди за развој на велосипедскиот туризам. Велосипедите се обезбедени во рамките на подпроектот „Смарт езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција во Македонија“, со финансиска поддршка од ЕУ. Подпроектот е раководен од Единицата за спроведување на Проектот за локална и регионална конкурентност под надлежност на Вицепремиерот за економски…

Едукативна работилница за најмладите во ОЈУДГ „Димче Мирчев”

Општина Велес од 16-22 септември 2021 ја одбележува Европската недела на мобилност преку реализација на седумдневни активности. Првата активност се реализираше денес во ОЈУДГ „Димче Мирчев” каде се одржа едукативно – интерактивна работилница за децата од објект 2 „Сонце”. Се организираше драмска игра со сценарио на темата „Здравствени придобивки за децата од возење велосипед и…

ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ПОСВЕТЕНА НА МЕМО СУЛЕЈМАНОВ,МАКЕДОНСКИ АТЛЕТСКИ РЕКОРДЕР

Во рамки на Програмата на Локалната установа Народен музеј – Велес во Ликовниот салон е отворена изложба посветена на Мемо Сулејманов, македонски атлетски рекордер и основоположник на маратонското трчање во Македонија. Изложбата се состои од фотографии , награди, медали и музејски предмети од фондот на Националната Установа Музеј на Македонија, чиј автор е Драган Ѓеорѓиев…

МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ И ПРЕТСТАВНИЧКАТА НА УНИЦЕФ ДИ ЏОВАНИ НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН ВО ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“ ВО ВЕЛЕС

Почна новата учебна 2021/2022 година. По пауза од една година, учениците ги наполнија училниците и училиштата. На првиот училишен ден, во општинското основно училиште „Панко Брашнаров“, учениците и вработените ги поздрави министерката за образование и наука Мила Царовска, градоначалникот Аце Коцевски како и претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија. Патриција Ди Џовани. Им посакаа…

РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ЕДНАКВИТЕ МОЖНОСТИ ВИСОКО НА АГЕНДАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со поддршка на Општина Велес, а во реализација на Организацијата на жени на Велес, синоќа, 30 август, во ликовниот салон се одржа тркалезна средба на претставнички на партиските тела на жените од политичките партии од градот. Активноста е дел од проектот: „Активирај се – кандидирај се“,  чија генерална цел е зголемено учество на жените во…

Отворен 18 Меѓународен салон на стрип и 3-та стрип колонија

Во Ликовниот салон во Велес е отворен 18 Меѓународен салон на стрип на кој начин учествуваат стрип уметници од Романија, Белгија, Албанија и Србија. На најдобрите стрип уметници од овогодинешниот салон им беа доделени награди и признанија. Во куќата на Касапови е отворена третата по ред Стрип колонија на која учествуваат десет стрип уметници од…

СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО XVIII ИЗДАНИЕ НА ИФАД „СТОБИ“

На сцената на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес, вчеравечер беше свечено затворен годинашниот XVIII Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“. Во чест на лауреатите беше одиграна претставата „Отело” од Вилијам Шекспир, во копродукција на Македонскиот народен театар, Скопје и Народно позорште, Зеница од Босна и Херцеговина. Започнувајќи од 3 август оваа година на…

ПРОМОВИРАНО ИНКЛУЗИВНОТО ИГРАЛИШТЕ „ПАРК НА СРЦАТА” НА ЕЗЕРО „МЛАДОСТ”

Со музички хепенинг на R’n’B Neighbours и ДНК, денес на езеро Младост беше промовирано инклузивното игралиште „Парк на срцата“. Игралиштето е дел од проектот „ИНКЛУЗИВЕН СМАРТ ТУРИЗАМ – рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, кој го реализира Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општина Велес, а е…