ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ КОИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ЖИВЕАЛИШТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес објавува Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Велес, а врз основа на Програма за активностите на Општина Велес во областа на заштита на животната средина во 2026 год („Сл.гласник на Општина Велес“…

СТАРТУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Со многу детска енергија, насмевки и спортски активности, денеска во Велес започна Европската недела на мобилност. На Градскиот стадион „Зоран Паунов“, најмалите од детската градинка „Димче Мирчев“ уживаа во спортски активности и дружење, испраќајќи убава порака за значењето на движењето, здравите навики и активното детство. Европската недела на мобилност е кампања која треба да не…

ЗАПОЧНА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ 2026“

На мала сцена на велешки театар вчеравечер се одигра претставата „Бегалка“ во изведба на Народниот театар од Струмица со што официјално започна 23. издание на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“. Вечерва, 16 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра претставата „Претходно“ на театар од Сицилија, Италија.

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СЕЛО МАМУТЧЕВО ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Интензивно се работи на реконструкција на влезот на село Мамутчево. По завршувањето на земјените работи и поставувањето на рабниците, денеска се постила првиот слој асфалт на коловозот, со што оваа значајна градежна инвестиција влегува во својата завршна фаза. Реконструкцијата на влезот на село Мамутчево се реализира со финансиски средства што Општина Велес ги обезбеди преку…