Со многу детска енергија, насмевки и спортски активности, денеска во Велес започна Европската недела на мобилност.
На Градскиот стадион „Зоран Паунов“, најмалите од детската градинка „Димче Мирчев“ уживаа во спортски активности и дружење, испраќајќи убава порака за значењето на движењето, здравите навики и активното детство.
Европската недела на мобилност е кампања која треба да не поттикне да ги смениме секојдневните навики и да избереме побезбедни и по еколошки начини на транспорт и движење.
Европската недела на мобилност се одбележува во периодот од 16 до 22 септември.