ПОТПОРНИОТ ЅИД НА УЛИЦА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“ Е ИЗГРАДЕН

Заврши изградбата на потпорниот ѕид на улицата „Васил Главинов“. Со изградбата на потпорниот ѕид се подобрија условите за безбедно движење, истовремено се опвозможи поуредна и посигурна сообраќајна инфраструктура. На истата улица претходно беа изградени уште два потпорни ѕида, со што дополнително се зајакна стабилноста и безбедноста на овој дел од градот.