Општина Велес и годинава ќе учествува на најголемата еколошка акција во државата, Генералка Викенд 24, што по четврти пат ќе се одржи на 17, 18 и 19 мај. Еколошката акција во Велес ќе се одржи на 17 мај со чистење на локација на езеро Младост. Во акцијата ќе учествуваат вработени во општинската администрација, ЈКП Дервен, Здружение на граѓани Акцијаши и Скил ап Академија за програмирање за деца Ученците од основно и средно образование како и децата од градинката „Димче Мирчев“  ќе се вклучат со чистење на училишните дворови и клоновите.

 

Акцијата „Генералка викенд 24“ е во организација на компанијата „Мен анд маунтен“ и се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Пивара-Скопје, Пакомак. Шпаркасе МК, 0 Отпад, Бучим, Макстил, ЕВН, Костал и Бимилк.

Општина Велес ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на акцијата за чистење за да го направиме градот почист и поубаво место за живеење.