Денес, 23 Мај, во големата сала на Општина Велес свечено беше одбележан денот на сесловенските просветители, браќата Св.Кирил и Методиј. Во присуство на голем број граѓани, наставници, ученици, членови на совет и пратеници, градоначалникот Марко Колев ги додели наградите на најуспешните за 2025 година.

Свеченоста започна со наградување на најдобрите средношколци кои земаа учество на ораторскиот натревар одржан под слоган „ЗБОР СО КОРЕН, ГЛАС СО СИЛА! Од длабочина, до височина – ние сме гласот на она што тие го напишаа!“

Признание за прво место беше врачено на Лана Басаров ученичка во I година во СОУ„Гимназија Кочо Рацин“- Велес, признание за второ место доби  Мерве Исмаилова, ученичка во I година во ОСУ„Јовче Тесличков“- Велес, и признание за трето место доби Димитар Кузманов, ученик во I година во СОУ„Гимназија Кочо Рацин“- Велес.

Потоа беа прогласени и најдобрите ученици од основно и средно образование.

Лука Коциќ, ученик во ООУ Блаже Конески –Велес е најдобар ученик од општинските основни училишта во Општина Велес за 2025 година, додека признание за најдобар ученик од општинските средни училишта во Општина Велес за 2025 година доби Кристијан Мартинов, ученик во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, Велес.

Признанија добија и најистакнатите и најдобри наставници од општинските основни и средни училишта за 2025 година.

Наградата најдобар наставник за 2025 година ја доби Вера Трчкова, наставник по одделенска настава во ООУ „Блаже Конески“- Велес, најдобар наставник по предметна настава во 2025 година доби  Даниела Димовска, наставник во ООУ „Блаже Конески“- Велес и наградата за најдобар наставник во средните општински училишта за 2025 година беше доделена на  Христина Леова, наставник во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“-Велес.

Настанот заврши со прекрасен настап на учениците и наставниците на музичкото училиште „Стефан Гајдов“, кои со своите изведби ја збогатија свечената атмосфера.

Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј!