На 18 јуни, четврток, со почеток во 08:30 часот од Мало мовче тргнува дваесет и шестата Вардарска регата „Гемиџии“ 2026“. Околу шеесетина учесници на регатата предводени од Извиднички одред „Димитар Влахов“ ќе запловат по водите на Вардар и нивното патешествие ќе заврши во Солун, градот во кој четиринаесетмината гемиџии во 1903 година извршиле бомбашки напади сакајќи да го актуелизираат македонското прашање во Европа.
Пред да го започнат своето патешествие по водите на Вардар, следејќи ја традицијата на своите претходници, учесниците ќе положат свежо цвеќе на споменикот посветен на четиринаесетмината гемиџии кои под каузата „Се арчиме за Македонија“ го доадоа животот за татковината.





