АНИМИРАНИ ФИЛМОВИ И ЗАБАВНИ ИГРИ НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026

Во рамки на програмата на „Велешко лето 2026“ вчеравечер во Градски парк се одржа кино на отворено во организација на Киноверзум. Младите имаа можност да ја проследат проекцијата на анимираниот филм „Тифити и пустинската авантура“. Претходно тие учествуваа на забавни игри и кино гејминг каде си ги измерија силите во PS5 и добија симболични награди.…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „11 ОКТОМВРИ“

По завршувањето на реконструкцијата на старата водоводна мрежа на улицата „11 Октомври“ започнаа градежните активности за целосна реконструкција на улицата. Во тек е вадење на стариот и дотрајан асфалт, по што ќе следуваат подготвителни зафати пред асфалтирање. Улицата „11 Октомври“ е фреквентна и овозможува пристап до повеќе станбени згради и деловни објекти, и со нејзина…

НАСКОРО „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026“

Во тек се подготовките за „Велешко лето 2026“.  Програмата и годинава ќе биде богата со разновидни содржини и настани од областа на музиката, литературата, ликовната, филмската и друг вид на уметности. Настаните ќе се одржат на различни локации низ градот со што ќе бидат достапни до сите граѓани на Велес и пошироко. „Велешко лето 2026“…

ЗАВРШИ ИФФ „ВЕЛЕС 2026“

Со настапи исполнети со богатство од традиции, песни и танци од различни делови на светот, викендов успешно заврши 21-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2026“. Во изминатите денови Велес беше домаќин на бројни фолклорни ансамбли кои преку своите настапи ја претставија културата, обичаите и националниот идентитет на своите земји. Фестивалот уште еднаш ја потврди…

ВТОРА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР ИФФ „ВЕЛЕС 2026“

На втората фестивалска вечер на сцената на Амфитеатар настапија „Распеани пензионери“ – Македонија, гостите од Мексико, македонското културно уметничко друштво „Светлост“ од Австралија, културно уметничкото друштво „Доситеј Обрадовиќ“ од Србија, гостите од Полска, Албанија и Италија. Посетителите имаа можност да слушнат и видат традиционални танци и песни во изведба на фолклорните групи и ансамбли кои…

ВЕЛЕС ВО ДУХОТ НА ТРАДИЦИЈАТА И КУЛТУРАТА ЗАПОЧНА ИФФ ВЕЛЕС 2026

Со традиционалното дефиле на учесниците низ велешките улици, вчеравечер започна 21-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2026. Играорците од различни краеви на светот им приредија вистинско дожување на граѓаните кои со воодушевување ги следеа нивните музички точки додека минеа низ главната улица. Учесниците продолжија во Амфитеатарот на Младински парк каде свечено ја отворија првата…

АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ВО УСЛОВИ НА ЕКТРЕМНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Поради екстремно високите температури и зголемената опасност од појава и ширење пожари, Општина Велес со апел до граѓаните да бидат максимално внимателни и одговорни при движење и престој на отворен простор, да не се пали оган на отворено, да не се палат стрништа, сува трева и отпад, како и да не се фрлаат догорчиња од…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ОТОВИЦА-СОЈАКЛАРИ

Завршува реконструкцијата на дел од патниот правец Отовица-Сојаклари. Во тек е постилање на асфалтен слој на дел од патниот правец, на потегот до винаријата, со што реконструкцијата влегува во својата завршна фаза. Во наредниот период ќе следуваат завршните активности за етапно асфалтирање на целата траса со два асфалтни слоја. Средствата за реализација на овој проект…

„ОТВОРИВ ОЧИЊА – ВИДОВ ДЕН“ ПРОСЛАВА НА РАЃАЊЕТО НА ЖИВОТОТ

Под мотот „Отворив очиња-видов ден“ во саботата се одржа настан кој на едно место ги собра сите мајки татковци и новороденчиња, нивните браќа и сестри во Младински парк. Настанот го организираа вработените во Одделението за Гинекологија и акушерство при велешката болница, посветен на славењето на раѓањето на животот и подигнување на свеста за значењето на…

23 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ОПЕРСКАТА ДИВА ДАНКА СЕВЕРОВА ФИРФОВА

На 21 јуни се навршија 23 години од смртта на велешанката Данка Северова Фирфова, една од најмаркантните личности во музичката историја на Македонија. Данка Северова Фирфова е родена во 1918 година во Велес како четврто дете во семејството на Цанда и Ристо Северови, луѓе со ретка музичка дарба. Таа уште од малечка покажала љубов кон…