МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ВЕЛЕС

На Технолошко-техничкиот факултет во Велес деновиве се одржува Маѓународна научна конференција од областа на науката за храна, исхраната, иновативните технологии и одржливоста. Конференцијата претставува можност за размена на знаења, искуства и современи научни достигнувања. Преку презентација на најновите истражувања и иновативни пристапи, учесниците отвораат прашања кои се особено важни за современото општество,од безбедноста и квалитетот…

ВОЗИМЕ СО ВЕЛОСИПЕДИ – ЗА ОДРЖЛИВА МОБИЛНОСТ

Во рамки на активностите по повод Европската недела на мобилност, Општина Велес организираше велосипедска тура под мотото „Возиме со велосипеди – за зелена иднина“. На велосипедската рута од зградата на Општина Велес до месноста Бабуна се приклучија околу 50 учесници, меѓу кои средношколци, членови на Советот на Општина Велес, дел од јавната администрација и други…

СТАРТУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Со многу детска енергија, насмевки и спортски активности, денеска во Велес започна Европската недела на мобилност. На Градскиот стадион „Зоран Паунов“, најмалите од детската градинка „Димче Мирчев“ уживаа во спортски активности и дружење, испраќајќи убава порака за значењето на движењето, здравите навики и активното детство. Европската недела на мобилност е кампања која треба да не…

ЗАПОЧНА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА АНТИЧКА ДРАМА „СТОБИ 2026“

На мала сцена на велешки театар вчеравечер се одигра претставата „Бегалка“ во изведба на Народниот театар од Струмица со што официјално започна 23. издание на Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби“. Вечерва, 16 септември, со почеток во 20:00 часот, ќе се одигра претставата „Претходно“ на театар од Сицилија, Италија.

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СЕЛО МАМУТЧЕВО ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Интензивно се работи на реконструкција на влезот на село Мамутчево. По завршувањето на земјените работи и поставувањето на рабниците, денеска се постила првиот слој асфалт на коловозот, со што оваа значајна градежна инвестиција влегува во својата завршна фаза. Реконструкцијата на влезот на село Мамутчево се реализира со финансиски средства што Општина Велес ги обезбеди преку…

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС ГИ ДОБИВААТ УЧИЛИШНИТЕ УНИФОРМИ

Започна распределбата на училишните униформи во основните училишта во Велес. Градоначалникот Марко Колев денеска им ги подели униформите на учениците од ООУ „Васил Главинов“ и од ООУ „Блаже Конески“. Во наредниот период ќе се поделат униформите на сите учениците од основните училишта во градот и околните населени места. Со оваа мерка Општина Велес има за…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА „РИЗО РИЗОВ“

Се реконструира водоводната линија на улица „Ризо Ризов“. ЈКП „Дервен ги започна активностите за замена на старата дотрајана со нова водоводна линија на потегот од втор болнички дол нагоре. Со замена на старата со нова линија ќе се подобри функционалноста и сигурноста на водоводната мрежа на овој дел од градот.

ИФАД „СТОБИ“ ОД 15 ДО 24 СЕПТЕМВРИ

Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ ќе се одржи по 23 пат во Велес. Од 15 до 24 септември љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да проследат интересни антички драми на театри од Македонија, Србија и Италија. Фестивалот стартува со претставата „Бегалка“ во изведба на струмички театар, потоа следува претставата „Претходно“ на театар од…

КУП НА МЛАДИНЦИ И МЛАДИНКИ ВО АТЛЕТИКА ВИКЕНДОВ НА ГРАДСКИ СТАДИОН

По успешно одржаниот Куп на Македонија за пионери изминатиот викенд, овој викенд, на Градски стадион „Зоран Паунов“ во Велес, ќе се одржи Купот на Македонија за младинци и младинки на кој млади атлетичари ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини. Натпреварите ќе се одржат сабота и недела (12 и 13 септември) и тоа во сабота од…

82 ГОДИНИ ОД БИТКАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ

Денес се одбележуваат 82 години од битката кај Раштански колиби, една од значајните од Народноослободителната борба во велешкиот крај. На ова место, недалеку од Велес, пред 82 години се водела жестока борба меѓу борците на Четвртиот баталјон на Осмата велешка бригада и германските војници, во обид да се зачуваат позициите на слободната територија. Борбата траела…