ВИДЕО НАДЗОР ПОСТАВЕН НА УШТЕ ЕДЕН СПОРТСКИ КОМПЛЕКС ВО ГРАДОТ
На спортскиот комплекс во населба Превалец е поставен видео надзор. Целта на поставувањето на 24 часовниот надзор е заштита на урбаната опрема. Видео надзор има поставено на уште неколку спортски комплекси во градот. Општина Велес со апел до граѓаните правилно да се користи и да се чува урбаната опрема која е заедничка за сите граѓани.



