Почна реконструкцијата на патот во село Караслари. Градежната механизација е на терен и во тек е отстранување на стариот и дотрајан асфалт. Откако ќе завршат земјените и подготвителните работи, ќе се поставуваат два нови слоја асфалт, со што значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста во сообраќајот.
Општина Велес континуирано вложува во патната инфраструктура не само во градот туку и во околните населени места, со цел обезбедување на подобри услови за живот за сите граѓани.












