Честитка за Меѓународниот ден на учителите и Недела на детето

Драги учители, наставници, просветни работници, Со искрена благодарност за Вашиот труд и  посветеност на непроценливата мисија-образование и воспитување на децата и младите,  во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот и ви посакувам многу успеси во работата. Од…

Ревитализација на Езерото Младост – прва седница на координативното тело

Детална анализа на состојбите на лице место, итна подготовка на акционен план за расчистување на теренот и подготовка на масовни граѓански акции за пошумување на езерото „Младост“ се  само дел од прашањата што денеска ги разгледаа членовите на Координативното тело за превземање на активности за ревитализација на опожарениот дел од локалитетот езеро „Младост“. На денешната…

Поетите во чест на Анте Поповски

По повод годишнината од смртта на еден од најголемите македонски поети, Анте Поповски, кој почина на 1 октомври 2003 година, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во соработка со Општина Велес и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, вчера организираше поетско чествување во чест на Анте Поповски. На чествувањето учествуваа поети од Клубот на писатели…

Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Врз основа на Одлуката за определување на максимален износ  за доделување на поединечна субвенција за набавка на енергетско ефикасни грејни тела за 2019година, а согласно Правилникот  за начинот на користење на финансиските средства од Буџетот на општина велес за субвенционирање на грашани од подрачјето на Општина Велес  кои набавиле енергетско ефикасни грејни тела („Службен гласник…

ТЕНИСКИ ДЕН ВО ВЕЛЕС

По десетти пат на тениските терени во Градскиот парк се организираше Отвореното првенство ,,Македонија Велес Опен 2019″ кое беше под покровителство на Македонската тениската федерација. Натпреварите помеѓу тенисерките од повеќе македонски клубови беа вистинско уживање за љубителите на ,,белиот спорт”. Овој спортски настан беше во организација на тенискиот клуб ,,Борец”, а финансиски беше поддржан и…

Честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Почитувани сограѓанки и сограѓани од бошњачката заедница, Во мое лично име, во име на Советот и во име на граѓаните во Општина Велес, Ви упатувам искрени честитки по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Општина Велес ќе продолжи да ги гради мостовите на соработка помеѓу сите припадници на етничките заедници на нејзина територија негувајќи…

Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија – Проект за подобрување на општинските услуги МСИП – MSIP-NCB-108-19

Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП MSIP-NCB-108-19 1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари,…

Дебата за зајакнување на новинарството на локално ниво

Дали новинарството во внатрешноста изумира? На ова прашање денес се обидоа да дадат одговор новинарите од повеќе печатени и електронски медиуми кои дебатираа на оваа тема во просториите на Општина Велес. На дебатата на која присустуваше и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски се бараа решенија како да се обноват медиумите на локално ниво а…

Коцевски: „Најважен приоритет за мене е здравјето на велешани“

„Колку менаџментот на фабриката за масло „Благој Ѓорев“ е општествено одговорен кон граѓаните на Општина Велес? “,„Каква  е техничката исправност на силосот односно на сондата која треба да ја мери темпертатурата во силосот?” и „Каков е планот за справување со пожар во силосот и дали воопшто го има?”, се дел од прашањата кои градоначалникот на…

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ВО ВЕЛЕС

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денес беше во посета на Општина Велес која е првата општина во која Пендаровски го започнува проектот „Лице во лице со претседателот“. Според утврдената агенда, претседателот Пендаровски го посети опожареното подрачје на езерото „Младост”, каде заедно со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, претставници од Советот на Општина…