ИЗВЕСТУВАЊЕ

Како резултат  на оштетување на дел од потпорен ѕид од камен на улицата „Димче Димовски Кокошарчето“ во Велес (во непосредна близина на  Стар Мост, позади станбена куќа) и обрушување на дел од ѕидот – камења  од различна големина, ве известуваме дека улицата не е безбедна  да се користи за пешаци и за возила  на потегот…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА СТОЈАН БУРЧЕВСКИ БУРИДАН

По повод денот на ООУ Стојан Бурчевски-Буридан, 30 март, делегација на Општина Велес и претставници на училиштето положија свежо цвеќе пред спомен обележјето со неговото име. Бурчевски Буридан е роден во велешкото село Рудник во 1920 година. Тој е организатор и учесник во вооруженото востание од 1941 година. Бил борец а потоа и командир на…

ПРОДОЛЖУВА ИЗГРАДБАТА НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

На денешната прес конференција во Општина Велес, од страна на проектниот координатор Денис Жерновски беше презентиран проектот Креативни можности во туризмот – CouNT, финансиран од Европската унија и од националните фондови на земјите учеснички преку Интерег ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Грција и Македонија. Градоначалникот на Општина Велес Марко Колев изрази големо задоволство од…

ПРЕДАВАЊЕ НА ТЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“

Во организација на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво денеска во средното училиште „Гимназија Кочо Рацин“ се одржа предавање за безбедноста во сообраќајот. Пред присутните средношколци за значењето на нивната безбедност како директни и индиректни учесници во сообраќајот зборуваше претставникот на Адвокатската комора на Македонија и член на ОСПДП адвокат Грозданчо Сутинов. Целта на…

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ПАТОТ КОН ЕЗЕРО МЛАДОСТ!

Започна со асфалтирање и вториот километар од оваа делница на која се работеше изминатиот период, a и понатаму продолжуваат градежните зафати. Реконструкцијата на патот ќе продолжи се до предвиденото над Ресторан “Бела вода”.  

МОТО СОБИР ПОВТОРНО ВО ВЕЛЕС

По пауза од неколку години, мотоциклистите се враќаат на брегот на велешкото езеро Младост да го возобноват некогаш традиционалниот Мото собир. На 13 мај годинава, велешани повторно ќе бидат домаќини на мото собирот на кој ќе учествуваат голем број мотоциклисти од земјава и од странство. Манифестацијата  „Мото бич  парти“ ќе се реализира во организација на…

ПРЕДАВАЊЕ ЗА ВЕЛЕШКИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ НА ТЕМА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ

Ќе се подигнува јавната свест кај средношколците во градот за безбедноста во сообраќајот. Учениците ќе бидат дел од предавањата во организација на  Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво. Предавањата ќе ги одржи претставник на Адвокатската комора на Македонија и член на ОСПДП, Грозданчо Сутинов. Целта на предавањата е да се влијае на свеста кај…

ЕКО АКЦИЈА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

Со еко акција Општина Велес го одбележа првиот ден од пролетта, 21 март. Отпад се собираше од дворовите на средните училишта „Гимназија Кочо Рацин“ и хемиското „Димитрија Чуповски“ и од спортските терени под економското училиште „Јовче Тесличков“ кај Железен мост. Во акцијата учествуваа градоначалникот Марко Колев, вработени во општинската администрација, претставници на Младински центар и…

ВЕТУВАЊАТА КОН ГРАЃАНИТЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ!

Изминативе денови интензивно се работи на реконструкција на објектот на поранешната народна кујна, кој е предвиден за Иновациски Хаб за млади таленти од ИТ секторот. Овој Хаб ќе биде уште едно одлично место за развој на нивните вештини . Дополнително, во село Оризари е завршена и втората линија од фекалната канализациона мрежа која ја работевме…