Организацискиот одбор на 55. Детски Рацинови средби распишува конкурси и натпревари за основните и средни училишта

Организацискиот одбор на 55. Детски Рацинови средби распишува конкурси и натпревари за основните и средни училишта Организацискиот одбор на 55. Детски Рацинови средби распишува конкурс за предметните  наставници од основните училишта, за изработка на мултимедијален ИКТ проект, инспириран од ликот и делото на безвремениот Коста Солев Рацин на тема: „Рацин – поет на болката и…

ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРОЕКТОТ „ReLOaD2”

Општина Велес организираше Јавна расправа со претставници на Здруженија на граѓани за проектот „ReLOaD2” – Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан, финансиран од Европската Унија со цел утврдување на приоритетните области на општината за 2023 година. Главната цел на проектот е јакнење на партиципативните демократии и интегративниот процес во ЕУ на Западен Балкан…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 11 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА НАРОДНОТО ВОСТАНИЕ

Почитувани граѓани, Општина Велес Ви го честита Денот на народното востание, 11 Октомври, еден од најголемите државни празници кој македонскиот народ со гордост го слави и негува. На денешен ден се навршуваат 81 година од славното историско народно востание со кое се извојувала не само национална и социјална слобода туку и сопствена држава. На нас…

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2022 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07,,3/09,18/10 и 1/21), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата  за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р…

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветтоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2022 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07,3/09,18/10 и 1/21), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01 и 5/04) и Одлуката за востановување награда за животно дело – „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА КОНСТИТУИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Формирањето на Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Велес е еден од чекорите за формирање на Локалниот младински совет. Општина Велес го објавува Јавниот повик за формирање на Иницијативниот одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади. Ова тело ќе биде составено од пет (5) членови, а…

Времен режим за пренасочување на сообраќајот за време на ФЕСТИВАЛ НА ВЕЛЕШКА ПИТА И ВИНО „ПИТИЈАДА 2022“

Поради одржување на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2022“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес, во периодот од 12:00 часот на ден 06.10.2022 година па се до 12:00 часот на ден 10.10.2022 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа: Улицата „Благој Ѓорев“ е затворена за одвивање на сообраќај на потегот од Трговскиот…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ 5 ОКТОМВРИ

Општина Велес им го честита Меѓународниот ден на учителите 5 Октомври, на сите просветни работници и им посакува успех во најблагородната професија. Почитувани наставници, продолжете посветено и одговорно да градите нови генерации, да ги едуцирате и насочувате кон вистинските вредности, покажете им го правилниот пат и помогнете им да откријат повеќе за себе и за…

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“

На 5 октомври 2022 година (среда) ќе почне реконструкција на дел од улицата „Димче Мирчев“ во должина од околу 270 метри. Градежните работи ќе се изведуваат од раскрсницата во центар, на спојот со улиците „Страшо Пинџур“ и „Гоце Делчев“ (кај преминот кон музичкото училиште). За изведување на градежните зафати ќе се користи механизација-градежни машини и…

ЕСЕНСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дератизација на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност. Општина Велес ја известува јавноста дека од 3 октомври 2022 година, во зависност од временските услови, ќе  започне со…