МЛАДИОТ ХРИСТИЈАН АНДОВСКИ – ВИЦЕШАМПИОН НА ЕВРОПСКИОТ КВИЗ НА ПАРИ

Информацијата за постигнатиот успех на младиот велешанец, Христијан Андовски, ученик во ССОУ  „Коле Неделковски“ на годинешното издание на европското финале на Европскиот квиз на парите и освојувањето на вицешампионското место ја објави и поздрави градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. На Европскиот квиз на парите оваа година учествуваа 500 000 учесници од 28 европски држави.…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС И ВЕЛЕШКО, 26 ЈУНИ 2020

Информациите од денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување за регистрирани два нови позитивни случаи во Велес и велешко и две оздравени лица ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција. Вкупната бројка на заболени во Велес и велешко изнесува 173 лица, од нив 131 се оздравени, 12 починати и 30 активни.…

ВО ПОНЕДЕЛНИК, 29 ЈУНИ – ВТОРО АВИОНСКО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Почитувани, Oпштина Велес ја информира јавноста дека второто авионско третирање против комарци ќе се спроведе во понеделник, 29 јуни 2020 година, во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, активноста се одложува за наредниот ден, 30 јуни 2020 (вторник). Границите на површините кои ќе бидат опфатени се…

НАЈДОБРАТА ЕНДУРО ПАТЕКА Е ВО ВЕЛЕС  – СЕ ОДРЖА ЕНДУРО 2020

Во организација на Мото клубот „Мото Велес”, а со поддршка од Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес денес беше организирана првата трка од државниот Ендуро шампионат за 2020 година. Годинешниот шампионат во оваа возбудлива мото дисциплина се одржа на веќе познатата локација на велешкото езеро „Младост”, но поради актуелната ситуација со пандемијата Ковид-19, трката се одржа без присуство на публика, притоа следејќи…

Случај „Блaгој Ѓорев“ – Градоначалникот очекува кривична пријава за фабриката

Градоначалникот Аце Коцевски денеска јавно одговори на обвинувањата  од Горан Лазов, директор на фабриката „Благој Ѓорев“ кој по излевањето на мазут го обвинува ЈКП „Дервен“ за нестручно миење на улицата. Тој пред медиумите изјави  дека со задоволство ја прифаќа поканата на Лазов за ТВ дуел и дека очекува да биде поднесена соодветна кривична пријава за…

КОЦЕВСКИ СО ПРЕДЛОГ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ДЕНОТ НЕДЕЛА ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

„Поаѓајќи од нашата традиција, специфичност и менталитет, како и од семејните вредности, културните и верските потреби на граѓанките и граѓаните, до Советот на Општина Велес доставив предлог-Декларација за прогласување на денот недела и на деновите на државни и други празници за неработни денови, во трговијата на големо и во трговијата на мало”, информираше на денешната…

СОСТОЈБА СО КОВИД -19 ВО ВЕЛЕС И ВЕЛЕШКО

Едно оздравено и шест новозаболени лица е билансот на заразата со Ковид-19 во Велес и велешко, во изминатите 24 часа. Информациите од денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција. „Вкупната бројка на заразени изнесува 162 лица, а  од нив 34 се активни, 11 лица се…

ВЕЛЕС НАЈТРАНСПАРЕНТНА ОПШТИНА ВО 2020

Со 94,4 поени, Општина Велес годинава покажа највисока транспарентонст помеѓу општините во државата. Информацијата денес на прес конференција ја соопшти Градоначалникот Аце Коцевски. „Индексот на активна транспарентност што го подготвува ‘Центарот за граѓански комуникации’од Скопје, со поддршка на Американската агенција за  меѓународен развој (УСАИД), покажа раст на активната транспарентност на Општина Велес за 5,6 процентни поени…

БОЛНИЦАТА ВО ВЕЛЕС ФУНКЦИОНИРА ДОБРО ВО УСЛОВИ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Општата болница во Велес во време на Ковид функционира добро и работи во услови на вонредна состојба, при што се почитуваат и спроведуваат сите препораки и мерки од Министерството за здравство” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Функционираат сите одделенија на Болницата и не се откажуваат закажаните прегледи на пациентите,…

КОЦЕВСКИ И МИЛЕВСКИ ЈА НАЈАВИЈА ИЗГРАДБАТА НА СИСТЕМОТ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО С. ОТОВИЦА

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, заедно со министерот за локална самоуправа, Горан Милевски и директорот на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, Игор Андреев, денес ја најавија изградбата на системот за водоснабдување на с. Отовица. Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа – биро за регионален развој, а го…