ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦА „БОГДАН КАРАКОСТЕВ”

Градежните работи за изградба на потпорен ѕид кои се одвиваат на улица „Богдан Каракостев” продолжуваат и овие денови. Завршено е бетонирањето на првата половина од ѕидот во должина од единаесет метри, а во позадината на ѕидот се изврши насипување. Во тек се градежните работи на втората кампада (вториот дел), со што проблемот со кој се…

ПОСТАВЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ СТОЛБОВИ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

Општина Велес продолжува со реализација на проекти од безбедноста во сообраќајот. Преку годишната Програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2019 година, деновиве беа поставени 36 безбедносни столпчиња (еластични столпчиња) пред пешачките премини на повеќе локации во градот. Ова дополнително вертикално одбележување на безбедносните триаголници од хоризонтралната патна сигнализација, преку…

УРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, од вчера, 19 ноември 2019 (вторник) Општина Велес започна со реализација на проект за решавање на проблемот со атмосферските води на улица „Пајак Планина”. Канализациони цевки PEK 400mm и PEK 500mm се поставуваат во должина од 85 метри кои овозможуваат зафаќање на атмосферските води од…

ВО ТЕК ПОВЕЌЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Во тек се неколку градежни зафати на повеќе локации во градот, со цел подобрување на инфраструктурата во Општина Велес.  Градежни работи за изградба на потпорен ѕид се одвиваат на улица „Богдан Каракостев”. Потпорниот ѕид е со висина од околу 3,50 метри и должина од 28 метри. Општина Велес ги известува жителите од овој дел на…

Конкурс за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2019/2020 година

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/2011), член 7 од Прaвилникот за условите, критериумите и начинот за доделување стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес 20/2018), а во…

Градоначалникот Коцевски на светскиот конгрес на паметни градови

На покана на „Бозон Солушнс“, со седиште во Тексас, САД, градоначалникот Аце Коцевски, во периодот од 18 до 22 ноември годинава, учествува на Светскиот конгрес и саем на паметни градови што се одржува во Барселона – Шпанија. Коцевски е поканет на овој значаен настан како градоначалник на првата македонска општина со Стратегија за развој на…

Средба Коцевски – Ангелов, Потврдена успешната соработка со Република Бугарија

На 18 ноември годинава, во просториите на Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски оствари средба со Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов и со советничката за култура и образование при амбасадата, Антонија Велева. Продлабочувањето на билатералната соработка во областа на културата, но и отворањето на нови можности за соработка во областа на заедничката реализација на проекти…

Објава бр. 2/2019 за продажба на недвижна ствар во сопственост на Општина Велес на КП 1913 за КО Оризари, со електронско јавно наддавање

ОБЈАВА бр. 2/2019 за продажба на недвижна ствар во сопственост наОпштина Велес на КП 1913 за КО Оризари, со електронско јавно наддавање Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1 и 2, член 36, од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на…

Стартува акцијата за собирање електричен и електронски отпад

Почитувани граѓани, Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон. Искористете ја можноста овој вид на отпад да го…

ОДЛУКА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ И ДЕФИНИРАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА СТОКА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД ВЕЛЕС

Врз основа на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување на стока на подрачјето на Град Велес, правните и физичките лица можат да вршат достава на стока во определените зони во следните временски интервали: 1. Доставувањето на стока во зоната на централното градско подрачје (дефинирана со улиците:„Благој Ѓорев“, 8 Септември“, „Илинденска“, „Никола Оровчанец“,…