ЖИТЕЛИТЕ НА СОПОТ ЌЕ ДОБИЈАТ ВОДОВОД

Градоначалникот Марко Колев  го потпиша Договорот за грант со Министерството за финансии за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Сопот. Грантот  во висина од  12.420 842 денари е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги. Дел од средствата на…

БОЖИЌНА ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ

Почитувани сограѓани, православни верници Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам најголемиот христијански празник Божиќ – денот на Христовото раѓање. Божиќ е најголемиот и најрадосниот христијански празник, празник на светлината, надежта и спасението. Христовото раѓање е голем и светол настан за човековиот род, поттик за надеж и…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во пресрет на одбележување на Коледе и Бадник, а поради лошиот квалитет на амбиентниот воздух во текот на вчерашниот ден 04.01.2022г. со среднодневна концентрација на ПМ10 од 102,88 микрограми на метар кубен, Општина Велес ги известува граѓаните дека при палење на коледарските огнови (на било која локација во градот или во околината) најстрого е забрането…

НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Почитувани сограѓани, Изминува уште една тешка година, година исполнета со предизвици и пречки, со  пандемија која остави траги кај сите нас.  Се соочивме со економска и енергетска криза. Но и покрај се, не застанавме и не потклекнавме. Продолживме да ја вложуваме својата енергија, волја и знаење и ги реализиравме сите започнати проекти и активности за…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Градоначалникот Марко Колев заедно со членови на Советот на Општина Велес денеска ги посети децата кои се лекуваат во детското одделение на Општа болница Велес. Им посака што побрзо да оздрават и им подари новогодишни пакетчиња. Општина Велес традиционално им ја честита Новата година на дечињата од детското одделение со желби за добро здравје и…

ЗАВРШЕНИ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ „АНДОН ШУРКОВ“ И „ЈОВАН БАСАРОВ“

Градежните работи за бетонирање на дел од улиците „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“ и улицата „Јован Басаров“ во населбата Превалец се завршени. Бетонирањето на улицата „Андон Шурков“ е во вредност од 880.000 денари со ДДВ, додека за улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри се потрошени 1.273.000 денари. Двете улици се…

ОДРЖАН НОВОГОДИШЕН БАЗАР ПРЕД ТЕАТАР ЏИНОТ

Пред платото на театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот  денеска се одржа хуманитарен Новогодишен базар организиран од Општина Велес. На тезгите беа изложени рачно изработени новогодишни украси и честитки од вредните раце на децата од основните и средните училишта заедно со наставниците, од најмалите од Детската градинка „Димче Мирчев“ и од учениците на ОУРЦ „Маца Овчарова“.…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ЦЕНТАРОТ ЗА ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЛИЦА СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Во пресрет на Новогодишните празници, Градоначалникот Марко Колев денеска ги посети децата во Центарот за лица со посебни потреби. Им ја честита Новата година, им посака добро здравје и им подели новогодишни пакетчиња. Со новогодишни пакетчиња ги израдува и децата од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.  

ЌЕ СЕ БЕТОНИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „АНДОН ШУРКОВ“ КАЈ УЗУС

На улицата „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“, денеска се изведуваат припремни работи за бетонирање на улицата. Градоначалникот Марко Колев изврши увид на градежните работи кои ги изведува фирмата „Евро – Инженеринг“. Вредноста на бетонирањето на дел од улицата е 880.000 денари со ДДВ.

ЗАСАДЕНИ 12 ПОВЕЌЕГОДИШНИ ЛИСТОПАДНИ САДНИЦИ ПОКРАЈ НОВАТА ПЕШАЧКА ПАТЕКА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Со садење на 12 шестгодишни листопадни садници покрај новата пешачка патека на крајбрежјето на езеро Младост, Општина Велес го заокружи садењето за 2021 година. На денешното садење учествуваа градоначалникот Марко Колев, координаторите на советничките групи во Советот на општината, Марјанчо Николов и Димитар Абрашев, претседателката на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите Весна…