НОВИ ДРВЦА ЗАСАДЕНИ ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР НА СОУ „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“ И ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Училишниот двор на средните ошпштински училишта „Димитрија Чуповски“ и „Гимназија Кочо Рацин“ со нови засадени дрвца. Учениците и професорите спроведоа заедничка акција и засадија нови дрвца во училишниот двор. Акцијата е дел од програмата за преуредување и разубавување на заедничкиот училишен простор, со цел создавање попријатна и поздрава средина за учениците.

ПОТПОРНИОТ ЅИД НА УЛИЦА „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“ Е ИЗГРАДЕН

Заврши изградбата на потпорниот ѕид на улицата „Васил Главинов“. Со изградбата на потпорниот ѕид се подобрија условите за безбедно движење, истовремено се опвозможи поуредна и посигурна сообраќајна инфраструктура. На истата улица претходно беа изградени уште два потпорни ѕида, со што дополнително се зајакна стабилноста и безбедноста на овој дел од градот.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „СТОЈАН БУРИДАН“

Започна реконструкцијата на улицата „Стојан Буридан“. Во тек се подготвителните работи, порамнување на теренот и поставување тампонски слој по што ќе следи бетонирањето на улицата. Со реконструкцијата на улицата ќе се подобрат условите за движење, ќе се зголеми безбедноста, а жителите од овој дел на градот ќе добијат поуредна и пофункционална улица.      …

УЧЕНИЦИ ОД ПОЛСКА ШПАНИЈА И ТУРЦИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ПРЕКУ ERASMUS+ ПРОЕКТОТ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ

Општина Велес денеска беше домаќин на учениците од основното училиште „Васил Главинов“ и нивните врсници од Полска, Шпанија и Турција, кои преку Erasmus+ проектот „X=Y That is FAIR“ се во посета на градот. Проектот е посветен на родовата еднаквост и создавањето еднакви можности за сите, а има за цел да ги поттикне учениците да ги…

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

  23 Октомври е ден кога со особена почит се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и непоколебливиот дух на македонските револуционери, кои се вградија во темелите на борбата за слобода, самостојност и независна македонска држава. Нивната визија, идеали и решителност се траен потсетник дека љубовта кон татковината, единството и истрајноста се вредности што треба да ги…

СЕ ДОГРАДУВА УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Почна доизградбата и довршувањето на училишната зграда на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци. Вчера беше поставен камен темелникот со што продолжува изградбата на претходно започнатиот и недовршен објект, со цел да биде комплетно ставен во функција. Со комплетирањето на училишната зграда, учениците и наставниците ќе добијат функционален и уреден простор за учење и…

ХОРИЗОНТАЛНО БЕЛЕЖЕЊЕ НА УЛИЦИТЕ НИЗ ГРАДОТ

Хоризонтално бележење се врши денеска на улицата „Луј Пастер“ и на Раштански пат со цел подобрување на сообраќајната безбедност и побезбедно движење на сите учесници во сообраќајот. Активностите продолжуваат и во наредните денови, кога е предвидено бележење на улиците „Васил Главинов“ и „11 Октомври“.    

КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИРАЊЕ НА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ ЗА УЧЕБНА/СТУДИСКА 2026/2027 ГОДИНА

Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на  талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.11/11), член 8 од Прaвилникот  за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти во Општина Велес  („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.17/22, 18/22,…