Д-р Ненад Коциќ избран за претседател на Советот на Општина Велес

На 39 седница одржана на 29 август годинава, Советот на Општина Велес за нов претседател го избра д-р Ненад Коциќ од Советничката група на СДСМ. Д-р Ненад Коциќ е специјалист за интерна медицина и сопственик на приватна здравствена установа. На локално, национално и меѓународно ниво е познат како граѓански активист во ЕД „Вила зора“ и…

Наместо „Фестивал на пити и вино“ – пошумување и опрема за пожарникарите

Градоначалникот Аце Коцевски денеска и соопшти на јавноста дека одлучил да предложи пренамена на средствата планирани за годинешниот Фестивал на пити и вино. „По катастрофалниот пожар што го зафати Велес и кој во моментов се шири во други делови на градот и во кој беше уништен растителниот и животинскиот свет сметам дека е време за носење…

Започна реконструкцијата на дел од улицата ” Благој Ѓорев”

На потегот од главниот влез на касарната „Алексо Демниевски – Бауман” до надвозникот кон улицата „Луи Пастер”, на дел од улицата “Благој Ѓорев”, во должина од околу триста метри, денес започнаа да се изведуваат градежни работи за реконструкција на завршниот слој на асфалтот. Поради високите температури и движење на тешки товарни возила предизвикано е свлекување…

Заев: „Ќе расте нов живот, ќе живее Младост во Велес”

На просторот околу езеро „Младост” кој беше зафатен од голем пожар, денес увид извршија претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со градоначалниците на Велес и Скопје и институциите кои беа надлежни за гасење на пожарот. Пред увидот Заев оствари средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, командирот на Територијалната противпожарна единица…

КОЦЕВСКИ: „ШТЕТИТЕ СЕ ОГРОМНИ, НО НЕМА ПОВРЕДЕНИ НИТУ ЧОВЕЧКИ ЖРТВИ“

На денешната прес конференција што градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја одржа по повод вчерашниот голем пожар што го зафати подрачјето околу езерото Младост, ја информираше велешката и македонската јавност дека пожарот е ставен под контрола. „Во колективната меморија на велешани, вчерашниот ден ќе биде запаметен како еден од најтажните денови во однос на…

Градежни зафати на мостот кај бифе „Марија”

Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на тротоарите на мостот во близина на ООУ „Васил Главинов“ (кај бифе „Марија“’). При реконструкцијата ќе биде изваден површинскиот оштетен слој од асфалт, оштетените армиранобетонски плочи ќе се заменат со нови, а за крај на градежните работи ќе се асфалтираат тротоарите. Поради безбедносни причини, реконструкцијата на…

Велешанецот Спасиќ, европски првак во кајак

Со настапот на финалниот натпревар во рамките на Европскиот куп во спуст на диви води, во дисциплината спринт, кој се одржа во Чешке Будејовице (Република Чешка), велешанецот Љубомир Спасиќ ја доби титулата европски првак во кајак. По повод постигнатиот успех, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес организираше свечен прием при што му честиташе за…

Велес – центар на стрипот

Од 21 до 25 август годинава, Велес е домаќин на 17. Меѓународен салон на Стрип „Велес 2019” . Колонијата ја организира Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска ги посети петнаесетте стрип уметници, кои творат во спомен куќата на Касапови препознатлива по автентичната архитектура. Уметниците имаат можност…

Одржана јавна расправа за проектот Хидросистем Лисиче, фаза наводнувањe

На денешната јавна расправа која се одржа во просториите на Општина Велес, пред претставниците на општината, подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈВП „Лисиче” и ЈКП „Дервен” како директни корисници на системот беше претставена „Студијата за оцена на влијание врз животната средина” за фазата наводнување на земјоделско земјиште од хидросистемот Лисиче. Претставникот…

Известување за градежни активности за реконструкција на дел од патот Дурутовец – Чолошево

Од денес започнуваат градежни активности за реконструкција на дел од патот Дурутовец – Чолошево во должина од околу 120 метри. Поради големи оштетувања на коловозот се врши замена на асфалтот. Градежните работи ќе ги изведува ГД „Изгрев инжинеринг” од Велес. Општина Велес апелира до граѓаните кои сообраќаат на овој патен правец за внимателно возење и…