ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТА

Се известуваат сите граѓани на општина Велес, како и граѓаните кои имаат дејност – објекти, складишта, магацини и сл. во близина на фабриката А.Д „Киро Ќучук“, дека од 04.10.2021 год. (понеделник), со почеток од 07:00 часот, ќе се отпочне со реконструкција и модернизција на коловозот на патниот премин со елементи од рециклирана гума. Поради оваа…

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА СО НАМЕНА А1.1-СТАНБЕНИ КУЌИ (СЛОБОДНОСТОЕЧКИ), НА КП 1176, КО ОТОВИЦА, ОПШТИНА ВЕЛЕС

Предмет на овој урбанистички проект кој е усвоен со Потврда УП бр.1310-28 од 22.09.2021 година, е формирање нa градежни парцели во Општ Акт за село Отовица на КП 1176, КО Отовица, Општина Велес, со предвидена А – домување. Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 1802м2. Со овој УП се формираат една градежна парцела, согласно Законот…

УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за формирање на четири градежни парцели на дел од КП бр. 1058/3, КП бр. 1058/2, КП бр. 1185/4, дел од КП бр. 1185/3 и дел од КП бр. 1185/2, KO Отовица, согласно Општ акт за уредување на услови за начинот на градење во село Отовица, Општина Велес

Урбанистичкиот проект (УП) кој е усвоен со Потврда УП бр.1310-21 од  28.07.2021 година, се работи за формирање на четири градежни парцели на дел од КП бр. 1058/3, КП бр. 1058/2, КП бр. 1185/4, дел од КП бр. 1185/3 и дел од КП бр. 1185/2, KO Отовица, согласно Општ акт за уредување на услови за начинот…

ЗАПОЧНУВА МЕЃУНАРОДНАТА СКУЛПТОРСКА КОЛОНИЈА

Градоначалникот Коцевски денеска оствари средба со учесниците на третата по ред Меѓународна скулпторска колонија, со што се означи  почетокот на колонијата. Учесници на овогодинешната скулпторска колонија се Илко Стојанов од Велес кој воедно е и координатор на колонијата, Горан Ѓорев од Демир Капија, Горан Стаменков од Скопје, Никола Пијанманов од Струмица, Кирил Мукаетов од Кавадарци…

АКТИВНИ И ВО ТРЕТОТО ДОБА, ВО ВЕЛЕС СЕ ОДРЖАА 25. РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ПЕНЗИОНЕРСКИ ИГРИ

Во организација на Сојузот на Здруженија на пензионери на Македонија, денеска во спортската сала „Гемиџии“ во Велес се одржаа 25. Републички спортски пензионерски игри. Домаќин на настанот е Здружението на пензионери Велес. На спортските игри учествуваа 152 пензионери од 32 општини. Учесниците ги поздрави Градоначалникот Коцевски и им посака успешни игри. „Сакам да Ви посакам…

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ

Почитувани припадници на бошњачката етничка заедница   Во името на Советот на Општина Велес, во името на сите граѓанки и граѓани на Велес и во свое лично име Ви го честитам 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците. Општина Велес продолжува да ја негува традицијата на градење на соживот со различните етнички заедници кои се…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани граѓанки и граѓани,   Ве известуваме дека во периодот од 17 септември 2021 година до 17 септември 2022 година ќе се изведуваат градежни работи на локацијата Градски пазар Велес за извршување на Проект за подобрување на општинските услугиу – ИПА компоненти – за „Изградба на Градски пазар Велес“. Работите ги изведува фирмата „БВ ИНЖЕНЕРИНГ“Битола…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Комисијата за пописен реон -18 Велес, Чашка, Градско, ги известува сите жители од територијата на овој пописен реон, кои поради било која причина не се изјасниле, односно не се попишани пред лицето попишувач, своето право на попишување можат да го остварат со доаѓање во просториите на Општина Велес, во посебно отворена канцеларија за оваа…

ВЕЛЕС ПРВА ОПШТИНА ВО ДРЖАВАТА СО ДИГИТАЛНА ГРАДСКА ПЛАТФОРМА

Благодарение на поддршката на ЕУ, Велес стана првата македонска општина која се брои меѓу градовите во Европа и светот кои имаат дигитална градска платформа на услуги. Градската платформа позната како „Градоначалничка табла“ овозможува контрола на услугите со помош на информатичката технологија. Денеска, Иво Пауновски и Тоде Буцевски во име на компаниите „А1“ и „Геонет“ на…

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Со затворање на дел од улицата „Никола Карев” и преку едукативна работилница за учениците од ООУ „Васил Главинов”, на интерактивен начин денес беше одбележан меѓународниот Ден без автомобили. Дружбата и учењето продолжија во дворот на подрачното училиште на ООУ „Свети Кирил и Методиј” во с. Црквино, каде учениците од прво до петто одделение возеа велосипеди…