Реконструкција и модернизција на коловозот на патниот премин на ул „Илинденска“ – мост “Гемиџии“ во Велес

Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од недела, 10.04.2022 година, од 07:00 часот, Македонски железници ќе започне со реконструкција и модернизција на коловозот со елементи од рециклирана гума на патниот премин на ул „Илинденска“ – мост “Гемиџии“ во Велес. Градежните работи би требало да бидат завршени до сабота, 16.04.2022 година. Поради извршување на градежните…

16 ЛАПТОП КОМПЈУТЕРИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

Општина Велес доби 16 лаптоп компјутери, донација од ЗЕЛС и НАЛАС – Мрежата на асоцијација на локални власти од ЈИЕ.  Компјутерите ќе бидат наменети за потребите на ученици од социјално ранливи семејства. Донацијата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“.…

ДЕТСКИТЕ РЕКРЕАТИВНИ КАТЧИЊА ДОБИВААТ НОВ ЛИК !

Во тек е репарација и реконструкција на урбаната опрема на четири детски игралишта во градот, но во наредниот период ќе се обноват сите детски реквизити во градот и околните села. Предвидените активности од кампањата #СакајГоВелес продолжуваат, Велес станува поубаво место за живеење!

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради дотраеност на шините и модернизација на патните премини, на 06 и 07 април 2022 година (среда и четврток) ќе се врши измена на дотраена шина во кривина на пругата Велес-Гевгелија, на патните премини „Музичко училиште“ и „Дворови“. За непречено одвивање на градежните работи ќе има времена измена на патниот сообраќај во траење од три…

ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ ИЗГОТВЕНИ СЕ ОКОЛУ 3000 РЕШЕНИЈА ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Горчливиот проблем на Велешани кој траел со години додека овој процес бил целосно закочен, веќе станува минато. Со реорганизација на човечките капацитети интензивно се работи на изготвување на сите заостанати решенија и граѓаните веќе ги добиваат на своите домашни адреси. Домаќинското работење за доброто на Општината и сите граѓани останува приоритет на градоначалникот Марко Колев…

ПРИКАЗНАТА ЗА ПОУБАВ ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВА !

Како дел од кампањата #сакајГоВелес денес беа поставени украсни канти за отпадоци на повеќе локации во градот. Како што денес се восхитуваме на идејата и креативноста, така и во иднина на сите нас останува одговорноста да ги сочуваме и да се грижиме за животната средина и хигиената во градот. Големи нешта доаѓаат од малите почетоци!…

ОПШТИНА ВЕЛЕС СКЛУЧИ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗДРУЖЕНИЕТО ДОНИРАЈ КОМПЈУТЕР

Често пати велиме дека треба да бидеме промената која сакаме да ја видиме во светот. Тоа е наша задача, но и одговорност. Во Македонија постојат луѓе кои давајќи се себе, даваат за оние на кои им е најпотребно. Во тоа име, градоначалникот Марко Колев денес склучи меморандум за соработка со Борче Стаменов, човекот кој стои…

ПРОДОЛЖУВААТ РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ТЕРЕН

Предвидените активности на терен согласно програмата на Општина Велес и ЈКП Дервен продолжуваат. Во тек е реконструкција на водоводната мрежа на улицата Орце Шутев, односно замена на старата водоводна линија со нова. Градоначалникот Марко Колев заедно со директорот Горанчо Наунчев денес направија увид во работните зафати, а градоначалникот имаше прилика и да разговара со жителите…

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА НОВИ СПОРТСКИ САЛИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Спортските активности се предуслов за здрав и правилен развој на децата и едно од предизборните ветувања на градоначалникот Марко Колев беше токму тоа – реконструкција на постоечки и изградба на нови спортски сали и создавање на услови за квалитетен спортски живот. Градоначалникот Колев денес направи увид во градежните активности за реконструкција на спортската сала во…

ДЕТСКИОТ ЏАГОР ПОВТОРНО ЈА РАЗВЕСЕЛИ ОПШТИНАТА !

Учениците од четврто одделение од ООУ „Васил Главинов“ денес се запознаа со работата на градоначалникот Марко Колев и на Советот. Весели, креативни и по малку срамежливи, ги кажаа своите прашања и очекувања од градоначалникот. Децата се нашето богатство. Она што секојдневно го градиме и на што градоначалникот Колев е посветен е токму за нивната иднина…