СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 8 ОКТОМВРИ 2020

Оценката на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко, како што пренесе градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција од дваесет и петтата седница е дека е од средно висок ризик. Воедно тој апелираше до жителите на Општина Велес, а посебно до младите сограѓани да ги почитуваат пропишаните…

ВО САБОТА, 10 ОКТОМВРИ СЕ ОТВОРА НОВОТО КИНО ВО ВЕЛЕС

Во очи големиот празник 11 Октомври, во сабота, на 10 Октомври годинава ќе биде отворено новото кино во Велес, соопшти денеска на прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. „Задоволство ми е што по повеќе од 20 години Велес повторно ќе има кино со најсовремена техничка дигитална опрема за прикажување филмови. Со тоа Велес повторно ќе се вброи…

СРЕДБА КОЦЕВСКИ – ТИМОНИЕ, УСПЕШНАТА СОРАБОТКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние. Средбата која се одржа во седиштето на француската амбасада во Скопје, ја иницираше амбасадорот Тимоние пред неговото заминување од државава. На средбата, амбасадорот Тимоние упати благодарност до градоначалникот Коцевски за поддршката на проектите и активностите за соработка со француските партнери.…

ЧЕСТИТКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛИТЕ И НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО

Почитувани просветни работници, Во име на Советот на Општина Велес, во име на жителите на Општина Велес и во свое лично име, ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот. Светскиот ден на учителите претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукацијата и развојот на…

РАБОТНА СРЕДБА БОЧВАРСКИ – КОЦЕВСКИ

При првата официјална посета на Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Општина Велес, заедно со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски направија увид на градежните работи на свлечиштето „Цуцка”. Министерот Бочварски ја потценцираше важноста во инвестирањето и реализацијата на капиталните проекти, важни за Општина Велес, но и за другите региони. „Денес сум во…

КОЦЕВСКИ: „НАЦИОНАЛИЗМОТ Е ПОСЛЕДНО ПРИБЕЖИШТЕ НА НЕРАНИМАЈКОВЦИТЕ”

Во рамки на „Зелениот караван” кој го организира „ЦИВИЛ” со поддршка од Фондацијата Хајнрих Бел, денес во просториите на Општина Велес се одржа работилницата „Зелените доаѓаат” посветена на зелените вредности, социјалната правда и антинационализмот. „Национализмот е последно прибежиште на неранимајковците”, потенцираше Коцевски. „Да продолжиме со по зацртаниот пат, да ги прифатиме и негуваме европските вредности,…

ВО ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА 2020/2021 ГОДИНА

Новата учебна 2020/2021 година во општинските основни и средни училишта ја започнаа вкупно 3876 ученици, од кои 485 првачиња. Во име на Советот на Општина Велес, на сите жители на Општина Велес и во свое лично име, градоначалникот Коцевски упати честитки за првиот училишен ден на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ЗА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН

Драги првачиња, драги ученици, почитувани родители и наставници, Денес, на првиот училишен ден, на сите вас ви посакувам успешен почеток на новата учебна 2020/2021 година, многу лесна и успешна работа. Оваа година, првиот училишен ден, кога нашите најмлади сограѓани го прават најважниот чекор во нивните животи го започнуваме во посебни услови предизвикани од пандемијата Ковид-19.…

ПОСТАВЕНИ НОВИ ВЕЛОСИПЕДСКИ СТАНИЦИ ВО ВЕЛЕС

На пет локации во градот денес беа поставени нови велосипедски станици (држачи за велосипеди). Со оглед на зачестената употреба на велосипедот како алтернативно превозно средство, Општина Велес ја препозна потребата од зголемување на капацитетите за паркирање на велосипеди, но и за изградба на велосипедски патеки, со што ќе им излезе во пресрет на велосипедистите. Во…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА БОШЊАЦИТЕ

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име упатувам најискрени честитки по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Овој ден претставува симболичен израз на длабоката и реална почит што државата и Општина Велес ја имаат за своите граѓани кои се…