АТИЛА КЛИНЧЕ ДОБИТНИК НА АКТЕРСКАТА НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Актерот Атила Клинче е добитник на наградата за животно дело „Петре Прличко“ за 2026 година. Ваква одлука донесе жири комисијата составена од актерите Васил Зафирлев, Слободанка Чичевска и Благојчо Стојанов. Актерот Атила Клинче е еден од најистакнатите македонски актери  со одиграни голем број на улоги од домашната драматургија и светската класика. Неговиот актерски опус вклучува…

АПРИЛИЈАДА ВО ВЕЛЕС

Општина Велес и годинава организира настан за одбележување на Денот на шегата, 1 Април. На манифестацијата централно место ќе заземат децата од градинките и учениците од основните училишта кои со своите креативни маски ќе продефилираат низ улиците во градот  и ќе направат весела атмосфера. Априлијадата продолжува во Амфитеатарот во Младински парк во 11:00 часот каде…

МЛАДИТЕ И СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС – СИМУЛАЦИЈА НА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПТШИНА ВЕЛЕС

Како продолжение од минатиот месец кога се одржа првиот дел од овој настан за млади, Општина Велес во соработка со Europe house и Младински центар Велес, денес го одржа вториот дел, односно симулација на седница на Советот на Општина Велес. Членовите на Локалниот младински совет, во улогите на претседател на Советот на Општина Велес, градоначалник…

ДЕЛ ОД ПОРАНЕШНОТО УЧИЛИШТЕ „Ј.Х.К. ЏИНОТ“ ЌЕ СЕ ПРЕНАМЕНИ ВО НОВ КЛОН НА ДЕТСКАТА ГРАДИНКА „ДИМЧЕ МИРЧЕВ“

Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша договорот за грант со Министерството за социјална политика, демографија и млади со кој ќе се реновира дел од старата училишна зграда на ООУ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и ќе се пренамени во нов клон на детската градинка ОЈУДГ „Димче Мирчев“. Средствата обезбедени од овој грант се наменети за реновирање…

ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „БЕЛГРАДСКА“

Започна реконструкцијата на вториот дел од улица „Белградска“.  Во тек се подготвителни земјени зафати по што ќе следи поставување на завршен асфалтен слој. Во изминатиот период на оваа делница беше сменета дотрајаната водоводна мрежа со нова а беше изграден и еден потпорен ѕид. Поставен е и фундамент за вториот ѕид за чија изведба ќе се…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОКРИВОТ НА СПОРТСКАТА САЛА НА ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Со подобрување на временските услови започна реконструкцијата на покривот на спортската сала што ја делат двете средни училишта ССОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Со оваа реконструкција во голема мера ќе се обезбедат функционаслни услови за спортски активности и пријатна атмосфера за учениците и наставниците, а ќе овозможи и заштита на училишната зграда.…

ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО 17 МАРТ

На 17 март се одбележа  Светскиот ден на крводарителството. Во организација на Црвениот Крст – Велес се одржа настан за истакнување на значајноста на овој ден, на кој се доделија признанија за најхуманите дарители кои во текот на 2025 година со одбележани 50, 75 и 100 дарувања на крв. На настанот присуствуваше градоначалникот Марко Колев…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Денеска се одбележа 157 годишнината од раѓањето на Васил Главинов. По тој повод, делегација на Општина Велес, АРМ и други институции положија свежо цвеќе пред спомен бистата на Главинов во дворот на основното училиште што го носи неговото име. Васил Главинов е истакнат велешки револуционер и поборник за работничките права. Основач е на првото просветно…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Oпштина Велес  дека од 16 март 2026 година, започнаа градежните работи на улица „Белградска“ – делот од спојот со улица „Димитрија Чуповски“ до спој со улица „Невена Георгиева Дуња“  во должина од околу 400 метри. Во текот на реализација на градежните работи  ќе се користи градежна механизација од различен вид  и…