ВЕЛЕС ГОРД НА КАЈАКАРОТ БЛАГОЈ ГУГИНОВ, ГО ОСВОИ ДЕВЕТТОТО МЕСТО НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ ВО ШКОТСКА

Велешки кајакар меѓу најдобрите во Европа. Младиот кајакар Благој Гугинов, член на ККК Арка – Борец постигна исклучителен успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води во Грандтули, Шкотска. Во конкуренција од 19 европски земји, Благој обезбеди пласман во големото финале, вбројувајќи се меѓу најдобрите 15 и го освои деветтото место во…

БАЛЕРИНИТЕ ОД БС АНАБЕЛА ТАНЦУВАА НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026

Во рамки на „Велешко лето 2026“ вчеравечер на сцената на Афитеатар во Младински парк балерините од балетско студио Анабела приредија вистинско уживање за многубројната публика. Танцуваа, другаруваа и пренесоа одлична енергија, а публиката како и секогаш ги награди со силен аплауз и овации. Нашите големи и мали танцови амбасадори уште еднаш блеснаа на сцената.