ОБЈАВА бр.6/2025 (прва објава) за давање под закуп на деловни простории во објект „Градски пазар 2“ во Нова Населба со електронско јавно наддавање
Објава Пријава Изјава
Во рамки на одбележувањето на 58. Детски Рацинови средби денеска децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“ со дефиле низ градот насловено како „Цветен пат за Рацин“ оддадоа почит на бесмртниот поет и револуционер. Тие чекореа од споменикот кај Гимназијата, во Спомен костурницата и на крај завршија во неговата родна куќа. Денешната програма беше збогатена со музичко-сценски…
За учебната/студиска 2025/2026 година, Општина Велес ќе додели: 19 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци. 15 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од…
Сто шеесет и седум ученици од основните и средните училишта во Велес и 66 ментори добија награди и признанија од Општина Велес за нивните постигнати успеси на државни, меѓународни и олимписки натпревари за учебната 2024/2025 година. Во нивна чест денеска во Големата сала на Општина Велес се доржа свечена манифестација на која градоначалникот Марко Колев…
Како една од активностите за спас на езерото Младост, деновиве се исчисти дел од коритото на Отовичка река. Општина Велес ја продолжува соработката со ЈПВ Лисиче кое стопанисува со акумулацијата и во наредниот период предвидено е механичко отстранување на наслагите и другите органски материи од езерото. Истовремено ќе се проектираат и прават бушотини за доток…
Службите на ЈКП Дервен започнаа со неколкудневно темелно чистење на „Потокот“. Ќе се скастри обраснатото зеленило и со помош на механизација ќе се собира комуналниот отпад. Општина Велес со апел до локалното население да се грижи за хигиената со цел да се создаде и одржува чиста и здрава животна средина.
Општина Велес ќе ја исплати еднократната парична поддршка за сите запишани првачиња во учебната 2025/2026. На сметките на родителите односно старателите на децата, по тој основ, ќе бидат исплатени вкупно 1.363.320 денари. По завршувањето на изборниот процес и прибирањето на податоците од сите училишта завршена е и административната проверка и обработка со што започнува исплатата…
Општина Велес ја одбележа 81 годишнината од ослободувањето на градот. На свечена академија што се одржа во театарот Ј.Х.К.Џинот градоначалникот Марко Колев се обрати пред присутните гости. „Почитувани присутни, дозволете ми прво да го честитам празникот 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес. Ова е мое петто ображање за 9 Ноември, но прво во вториот…