ЗА ПРВПАТ: ПРОШЕТКА НИЗ ВЕЛЕС СО ПОМОШ НА ТЕХНОЛОГИЈАТА

Велес е првата општина која се вклучи во проектот  „Македонија на дланка“ (анлгиски Macedonia from above) со кој потенцијалните туристи од целиот свет можат виртуелно да ја посетат нашата земја, реално да ја запознаат а потоа и да посакаат да ја посетат. Отсега сите корисници на интернет ќе можат виртуелно да  посетат 18 локации во…

Рекордни 680 градежни зафати и 2,5 милиони евра за проекти, Коцевски ги презентираше резултатите од двегодишниот мандат

„Пред граѓаните се обврзав да работам со голема љубов и посветеност, одговорно, чесно, транспарентно. Дадов збор дека ќе работам домаќински и дека парите на даночните обрзници ќе ги трошам наменски, според претходно утврдени приоритети за да се подобри квалитетот на живот“, рече градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција посветена на резултатите од изминатите 2…

Ново санитетско возило – донација за велешката болница од Дрекселмајер

Денес велешката болница официјално ја прими долгоочекуваната донација од германската компанија Дрекселмајер. Се работи за санитетско возило со кое ќе се зголеми возниот парк на болницата. Ова ќе придонесе за подобрување на ефикасноста и ефективноста на услугите кои болницата ги нуди кон граѓаните на Општина Велес. „И во иднина ќе реализираме многу проекти во овој…

ПРОМОВИРАНА СТИХОЗБИРКАТА ,,21″ НА ИГОР КРАЈЧЕВ

Второто издание на најновото поетско остварување ,,21″ од меѓународно признатиот поет Игор Крајчев од Велес, вчеравечер беше промовирано во Локалната библиотека ,,Гоце Делчев”. Пред големиот број присутни, промотивни говори за претставникот на новата генерација поети од Велес, добитник на наградата „Јован Котески 2019”, но и на многу други престижни награди, со повеќе објавени книжевни дела…

Соопштение – подготoвка на нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2020 година

СООПШТЕНИЕ Во текот на октомври 2019 година ќе се подготвуваат нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2020 година во областа на: образованието, културата, социјална заштита здравствена заштита, спорт и млади, поддршка на НВО секторот, меѓународна соработка, локален економски развој, заштита на животна средина, комунални дејности, урбанистичко планирање Сите здруженија на граѓани кои имаат предлози…

Велешанецот Мијак повторно со изложба во САД

Творештвото на врвниот ликовен уметник од Велес, Александар Јовановски Мијак повторно претставено пред љубопитните очи на вљубениците во уметноста од Соединетите Американски Држави. По дванаесетти пат, во септември оваа година над триесет уметнички дела, графики и слики, беа презентирани на три самостојни изложби. Првата беше отворена во Тотова, Њу Џерси, втората во Marble House Mansion,…

Изненадување од Алзас – со велешка песна до срцата на граѓаните

Деновиве во Велес заедно одекнаа алзашката, француската и нашата македонска песна. Реномираниот алзашки музичар Рене Егл и групата „Кутерн“ ги изненадија граѓаните.   Во повеќе наврати во Велес и Росоман како и за претставниците на бизнис секторот  ја изведоа староградската песна „Елено, ќерко Елено“ и ги освоија срцата на сите што ги видоа и слушнаа.…

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2019 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“…

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2019 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело – „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува…