СВЕЧЕНО ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ГРАДСКИОТ ПАЗАР

Денеска свечено беше пуштен во употреба Градскиот пазар во Велес. Граѓаните на Велес добија капитален објект во кој и пазарџиите и купувачите ќе имаат достојни и безбедни услови за работа и купување. На отворањето присуствуваа и двајцата поранешни градоначални Славчо Чадиев и Аце Коцевски кои заедно со актуелниот градоначалник Марко Колев и службеничката од одделението…

ПОЧИТ ЗА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ЗА СЛОБОДЕН ВЕЛЕС

Со прием на делегација на Сојузот на борци од НОВ и АФВ во кабинетот на градоначалникот Марко Колев денеска продолжи чествувањеот на најголемиот празник на Велес, 9 Ноември. На средбата се разговараше за придобивките од повоениот период и за развојот и просперитетот на градот. По повод 79 годишнината од ослободувањето на градот, делегација на Општина…

ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА „100 ГОДИНИ ВЕЛЕС-ИСТОРИЈА НА ПОШТЕНСКИ КАРТИЧКИ“

Во рамки на одбележувањето на Денот на Општина Велес, 9 Ноември, вчеравечер во Ликовниот салон се одржа промоција на монографијата „100 години Велес-историја на поштенски картички“. Автори на книгата се филателистите и колекционерите Виктор Габер и Зоран Стрезовски. Во монографијата се прикажани 450 поштенски картички – разгледници со кои хронолошки се презентираат историските збиднувања во…

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА “ВЕЛЕС ТРЧА 2023“

Почитувани,   Поради одржувањето на Атлетска трка “ВЕЛЕС ТРЧА 2023“, Ве известуваме дека со цел припреми и успешна реализација на настанот Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај на моторни возила, освен за возилата на итна медицинска помош, МВР и возилата на ТППЕ во периодот од недела, 12.11.2023 година со почеток од 06:00 часот се…

ОБЈАВА НА БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА

                                    Градоначалникот на Општина Велес                                ОБЈАВУВА                                БАРАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА Б – ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА   Согласно член 122 став 4, а во врска со член 99…

ЌЕ СЕ ГРАДИ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „КУМАНОВСКА“

Од утре, вторник (07.11.2023 година) започнуваат градежни активности на улица „Кумановска“ за изградба на потпорен ѕид со кој ќе се обезбеди стабилност на улицата и косината на железничката пруга Велес-Битола. За време на градежните зафати ќе се изведуваат различни градежни активности како земјени, бетонски, армирачки и останати градежни работи. Предвидено е  вклучување на градежна механизација…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БЛАГОЈ ЃОРЕВ

Со положување на свежо цвеќе на спомен бистата, Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на Благој Ѓорев. Денеска се навршуваат 81 години од загинувањето на македонскиот комунист и учесник во НОБ. Благој Ѓорев бил член на СКОЈ и на Комунистичката партија. Како младински и партиски активист бил еден од првите борци на Велешкиот партизански…

43 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА БАНЕ АНДРЕЕВ РОНКАТА

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Бане Андреев Ронката во неговата родна куќа, Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на Бане Андреев Ронката, македонски комунистички деец, учесник во НОБ, државник и политичар. Свежо цвеќе положија претставници на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“. Бане Андреев Ронката е роден на 12 август…