На 07 јули 2026 година (вторник) ќе започнат градежни активности за реконструкција на дел од улица „11 Октомври“ и тоа од спој со улица „Индустриска –Раштански пат“, до спој со улица „Борис Трајковски“ (под Трговскиот центар )
Во фаза на изведување на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид – градежни машини за ископ, камиони за транспорт, грејдери, ваљаци и сл.
Со цел непречено изведување на градежните работи, ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, согласно проектот за времен режим на сообраќајот одобрен од МВР СВР Велес и издадено одобрение на проектот за времен режим од страна на Општина Велес.
Се замолуваат граѓаните на Општина Велес да не ги паркираат возилата на споменатиот опфат за работа за да не го отежнуваат изведувањето градежните активности. Исто така се замолуваат граѓаните да ги почитуваат знаците од поставената сообраќајна сигнализација и да покажат трпение и разбирање за време на изведување на градежите зафати.


