Општина Велес објавува Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица во рурални средини на територија на општина Велес за одржување на комунална чистота и реализација на проект од комунална инфраструктура, а врз основа на Програмата за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Велес во областа на заштита на животната средина во 2026 год.под арх.бр.09-2841/38 од 19.06.2026 год. и Програма за изменување и дополнување на Програмата за одржување на комунална чистота и реализација на проекти од комунална инфраструктура преку ангажирање на невработени лица под арх. бр.09-2841/41 од 19.06.2026 год. донесена на седница на Совет на општина Велес.
Согласно динамиката на извршување на планот за јавни работи за 2026 година изготвен од страна на Надлежните служби, Општина Велес има потреба од ангажирање дополнително 5 лица за извршување на јавни работи во поголемите рурални средини и тоа: с.Караслари, с.Иванковци, с.Башино Село, с.Бузалково и с.Маутчево во времетраење од 5 месеци во тековната 2026 година.
Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на диви депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.
Општина Велес преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.
Право на учество на јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови:
-корисници на гарантирана минимална помош,
-невработени лица
-жители на територијата на Општина Велес, со живеалиште во руралната средина за која го поднесува барањето за работното ангажирање
Временскиот период за ангажман на ангажираните лица ќе биде со времетраење од 5 месеци, сметано од денот на потпишување на договорот , а месечниот надоместок ќе изнесува 24.000,оо денари нето износ за секое ангажирано лице.
Потребните документи:
-Барање (од архива на општина Велес)
-Фотокопија од лична карта
-Потврда (дека лицето е евидентирано како корисник на социјална помош или невработено лице),
-фотокопија од трансакциона сметка
Погоре наведените документи кандидатите треба да ги достават во Архива на Општина Велес, секој работен ден од 06.07.2026 год. до 13.07.2026 год. во период од 07:30 часот до 15:30 часот.
Изборот на пријавените кандидати ќе го спроведува соодветна Комисија формирана со Решение од страна на Градоначалникот на Општина Велес.


