ОДБЕЛЕЖАНИ 79 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

79-годишнината од смртта на поетот и револуционер Коле Неделковски денес беше одбележана во кругот на средното стручно општинско училиште кое го носи неговото име. Со положување цвеќе, пред бистата на великанот во ССОУ „Коле Неделковски” почит оддадоа делегации од Општина Велес, предводена од Градоначалникот Аце Коцевски, делегација од истоименото училиште и клубот на писатели „Коста…

ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

Во тек е постапката за инсталирање на преостанатите водомери во село Долно Караслари. Таму во просек се дистрибуира вода од 300 литри на жител на 24 часа, а според европските стандарди потребите за снабдување со вода по жител изнесуваат од 150 до 200 литри вода на жител за 24 часа. За ова на денешннната прес…

ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ ПРИДРЖУВААТ КОН МЕРКИТЕ ЗА ЗАШТИТА И ШИРЕЊЕ НА КОВИД-19

Во ЈЗУ Општа Болница, Велес има 13 хоспитализирани лица (осум од Велес и пет од Свети Николе), од нив 12 позитивни и 1 негативен, 10 се со лесна клиничка слика, а 3 се на кислородна поддршка. Сите вработени во ООУ „Васил Главинов” кои имале контакт со наставничката која е позитивна на Ковид-19 се изолирани и…

СОСТОЈБА СО КОВИД-19 ВО ВЕЛЕС, 27 АВГУСТ 2020 ГОДИНА

Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција ја пренесе оценката од Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување во врска со ситуацијата со Ковид-19 во Општина Велес, која е оценета како стабилна, но истовремено потенцираше дека велешани треба да бидат внимателни поради враќањето на сограѓаните од годишните одмори во Струга, Охрид, Албанија и други места и…

ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЧЕТОКОТ НА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

По повод започнувањето на учебната 2020/2021 година, денес во просториите на Општина Велес, Градоначалникот Коцевски одржа работен состанок со директорите на образовните институции на територијата на Општина Велес. На состанокот се разговараше за подготовката на новата учебна 2020/2021 година, за протоколите  и тимовите кои работат на организација и реализација на наставата за учебната 2020/2021 година…

КУЧИЊАТА-СКИТНИЦИ ОД ВАРДАРСКИОТ РЕГИОН ЌЕ СЕ ЗГРИЖУВААТ ВО РЕГИОНАЛНО ПРИФАТИЛИШТЕ

Денес во просториите на Општина Велес се одржа дванаесеттата седница на Советот за развој на Вардарски плански регион на која присуствуваа градоначалниците на општините во Вардарскиот регион кои се основачи на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, претставници од Швајцарската амбасада, на Проектната канцеларија на Швајцарската агенција за развој и соработка, како и на…

ОБУКИ ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС

Во текот на учебната 2020 / 2021 година во општинските основни и средни училишта на теритотијата на Општина Велес ќе се одржат едукативни работилници и предавања наменети за учениците, наставниците, но и за вработените во општинската администрација на тема влијанието на интернетот, односно сајбер безбедноста. Ова беа темите на разговор на денешната работна средба помеѓу…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – ТРЕТОРАНГИРАНА НА КОНКУРСОТ ЗА „НАЈЕКО ОПШТИНА” НА ПАКОМАК И ШПАРКАСЕ БАНКА

Општина Велес е треторангирана на конкурсот за „НајЕко општина” за 2019 година на „Пакомак” и Шпаркасе банка, додека пак Општините Берово и Кавадарци се прво и второрангирани. Овие три општини покажале најдобри резултати во трите категории врз основа на кои жири комисијата го вреднувала еколошкиот придонес на секоја од општините, според строгите критериуми: по бројот…

ДОНАЦИЈА ОД „КАМ” ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС

Компанијата „КАМ” ДОО Скопје денес донираше осумдесет пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена, во вкупна вредност од 75.120, 00 денари со вклучен ДДВ наменети за социјално загрозените семејства од Општина Велес. Станува збор за самоиницијативна, хуманитарна донација од „КАМ” ДОО Скопје во форма на материјални добра наменета за социјално ранливите семејства од…

ПО ЕДИНАЕСЕТТИ ПАТ, ВЕЛЕШКА ПОЕТСКА ВЕЧЕР

Членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин” од Велес, вечерва настапија пред велешката публика и љубителите на пишаниот збор во рамки на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Велешката поетска вечер со писатели, гости од целата држава, кои се членови на поетски друштва се одржува традиционално секоја година во…