250 НОВИ САДНИЦИ ВО ВЕЛЕС

Согласно активностите од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот на територијата на Општина Велес и препораките од Советот на Општина Велес, општината започна со активности за засадување на зимзелени и листопадни дрвја, со цел да го зголеми бројот на високи садници. Со почетокот на сезоната за садење на висока вегетација, Општина Велес деновиве започна…

НОВИ СООБРАЌАЈНИ РЕШЕНИЈА ВО ВЕЛЕС

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, деновиве Општина Велес започна со реконструкција на крстосницата помеѓу улица „Илинденска” и улица „Димитар Влахов” во центарот на градот. Сообраќајното решение предвидува воведување на мини кружен тек, со издигнат средишен остров. На овој начин сообраќајот ќе се подобри. Дополнително, мини кружниот тек има за цел…

80 ГОДИНИ „БЕЛИ МУГРИ”

По повод 80 години од излегувањето од печат на антологиската збирка „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Општина Велес, организираше поетско чествување. Пред присутните љубители на пишаниот збор и почитувачи на делото на Рацин, поздравен говор имаше Игор Крајчев, директор…

80 години од Рациновите „Бели мугри“

На денешен ден пред точно 8 деценииво печатницата на Драгутин Шпулер, во Самобор, Хрватска е отпечатена збирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин. Објавувањето на збирката претставува исклучително значаен настан во културниот и општествениот развој на македонскиот народ. Со неговите „Бели Мугри“, Коста Солев Рацин се смета за основоположник на современата македонска литература. Стихозбирката е…

КОЦЕВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ПОЛСКА, ЕВРОПСКИТЕ ПРАКТИКИ ВО ФОКУСОТ НА ПОСЕТАТА

На покана од Полскиот институт за меѓународни работи, од 25 до 30 ноември годинава, Градоначалникот Аце Коцевски престојува во работна посета на Република Полска. Во рамките на посетата која ќе биде реализирана со претставници на македонски, украински и албански општини и институции ќе биде разгледано досегашното искуство на земјите од Вишеградската група во спроведувањето на…

Конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес

Почитувани, Општина Велес со седиште на ул.„Панко Брашнар“ бр 1 во Велес, има потреба за изработка на конкурс за идејно решение: „Изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес“. За таа цел договорниот орган спроведува Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување награди, во…

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦА „БОГДАН КАРАКОСТЕВ”

Градежните работи за изградба на потпорен ѕид кои се одвиваат на улица „Богдан Каракостев” продолжуваат и овие денови. Завршено е бетонирањето на првата половина од ѕидот во должина од единаесет метри, а во позадината на ѕидот се изврши насипување. Во тек се градежните работи на втората кампада (вториот дел), со што проблемот со кој се…

ПОСТАВЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ СТОЛБОВИ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

Општина Велес продолжува со реализација на проекти од безбедноста во сообраќајот. Преку годишната Програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2019 година, деновиве беа поставени 36 безбедносни столпчиња (еластични столпчиња) пред пешачките премини на повеќе локации во градот. Ова дополнително вертикално одбележување на безбедносните триаголници од хоризонтралната патна сигнализација, преку…

УРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, од вчера, 19 ноември 2019 (вторник) Општина Велес започна со реализација на проект за решавање на проблемот со атмосферските води на улица „Пајак Планина”. Канализациони цевки PEK 400mm и PEK 500mm се поставуваат во должина од 85 метри кои овозможуваат зафаќање на атмосферските води од…

ВО ТЕК ПОВЕЌЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Во тек се неколку градежни зафати на повеќе локации во градот, со цел подобрување на инфраструктурата во Општина Велес.  Градежни работи за изградба на потпорен ѕид се одвиваат на улица „Богдан Каракостев”. Потпорниот ѕид е со висина од околу 3,50 метри и должина од 28 метри. Општина Велес ги известува жителите од овој дел на…