Извештаи од тестирање на здравствена безбедност на површинска вода-Езеро Младост и здравствена безбедност на вода од природни чешми во села
Здравствена безбедност езеро Младост Здравствена безбеност села
Здравствена безбедност езеро Младост Здравствена безбеност села
Активно се работи на реконструкција на фасадата на ССОУ „Димитрија Чуповски“ со што ќе се добие поголема енергетска ефикасност, намалување на трошоците за греење и ладење, заштита на животната средина и подобри услови во образовниот процес. За реализација на овој проект се обезбедени средства преку соработка со Владата и Министерството за образование и наука.
Во организација на Локалниот младински совет на Општина Велес, денес беше одржан работен состанок помеѓу членовите на ЛМС Велес и Службеникот за млади во Општина Велес со донесувачите на одлуки на локално ниво, односно градоначалникот на Општина Велес, раководителката на Секторот за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на…
Во рамки на програмата за 63. Рацинови средби, ученици од Гимнјазијата „Кочо Рацин“ утрово ги читаа безвремените стихови на Рацин и уште еднаш не потсетија на непроценливото културно наследство што го остави зад себе. На настанот присуствуваше и градоначалникот Марко Колев кој заедно со нив, во дворот на гимназијата засадија садници како симбол на слободата…
Уште едно успешно издание на Велешки спортски игри заврши викендов во Велес. Градскиот парк беше центарот на спектакуларни атрактивни натпревари во фудбал, баскет, одбојка и тенис со извонредна игра на спортистите. До последен момент ги следеа и бодреа бројните посетители на спортските терени. Општина Велес упатува голема благодарност до сите учесници на петтото јубилејно издание…
Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ го одбележа својот јубилеј, 80 години од своето постоење и 120 години од раѓањето на патронот. Во изминатите осум децении музичкото училиште беше ризница на генерации талентирани музичари, педагозии уметници кои со својата работа оставиле траен белег во земјава и пошироко. Училиштето и во иднина останува посветено на музиката,…
Градскиот парк и вчера беше центарот на спортските настани во Велес. Интересни и возбудливи спортски натпревари исполнети со аплаузи и поддрша од многубројната публика имаше на сите терени до доцните вечерни часови. И денеска продолжуваат натпреварите во сите спортови на овогодинешното јубилејно издание на Велешките спортски игри. Ве очекуваме!
Во одлична атмосфера помина и третиот ден од Спортските игри Велес. Се одиграа многу натпревари на терените во Градски парк каде спортистите си ги измерија силите и освоија поени. Многубројната публика уживаше во натпревари во баскет, фудбал, одбојка на песок, тенис, а се дружеше и во катчето за опуштање и релаксација со вкусна храна и…
Раштански пат е реконструиран. По завршувањето на сите подготвителни земјени зафати, се посла првиот слој асфалт, а потоа се стави и вториот асфалтен слој со што целосно заврши реконструкцијата на оваа делница. Дополнително беше изведен и тротоар со цел да се зголеми безбедноста на пешаците.
Во спортски такмичарски дух помина и вториот ден од најмасовната спортска манифестација Велешки спортски игри. И во текот на вчерашниот ден се одиграа многу натпревари, а многубројната публика ги бодреше и навиваше за своите фаворити кои спортски се бореа за поен повеќе. Натпреварите продолжуваат и денеска, затоа бидете дел од оваа прекрасна спортска манифестација.