Свечена академија по повод 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Во пресрет на 24 Мај, денот кога го прославуваме делото на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, во нивна чест денес се одржа свечена академија. Сеќавајќи се на нивниот неверојатен напредок со создавање на глаголицата како корен од кој се разгранува писменоста на словенските народи, а потоа во нивно име и кирилицата како писмо…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ, 23 Мај

23 Мај Национален ден на Власите, народ кој остави големи траги во градењето на македонската држава. Влашката заедница е составен дел од нашето мултикултурно општество со свои карактеристични обичаи и традиции кои се пренесуваат од генерациии на генерации. Да ги надминеме разликите и предрасудите и сите заедно да работиме на афирмација на нашата богата култура…

ЧЕСТИТ 20 МАЈ, ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО!

Една од најхуманите професии е онаа на пожарникарите. Кога ние се повлекуваме, тие херојски застануваат во првите борбени линии. Во борба против огнената стихија, секојдневно изложени на ризик, но и со голема одговорност. Денешниот ден им го посветуваме ним и нивната благородна мисија. Во нивна чест го одбележавме денот преку пригодна програма со показни вежби,…

ОБЈАВА бр. 2/2022 (прв пат) за давање под закуп на недвижна ствар (Градски базен) во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање

Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1 и 2, член 36 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15,106/15,153/15,190/16,21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19 и 275/19), Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес…

ГРАДЕЖНИТЕ ЗАФАТИ ВО СИТЕ ДЕЛОВИ НА ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ!

Градоначалникот Марко Колев денес беше на улицата Даме Груев на увид во градежните активности, каде во тек е бетонирање, откако претходно беше заменета водоводната мрежа. И во наредниот период продолжуваме со интензивна работа со цел подобрување на инфраструктурата во градот. Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!

СО НАЈМАЛИТЕ ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА ЕВРОПА И ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

9 Мај е денот кога се обединуваат два важни историски настани – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Оваа година овој ден го одбележавме со најмалите! Дечињата од големата група од Објектот 2 “Сонце” при ОЈУДГ “Димче Мирчев” денес дојдоа во посета на Општина Велес, каде ни ги претставија земјите членки на…

ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС Е ВО ВЕЛЕС !

Во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија (МАССУМ) а под домаќинската палка на ССОУ “Димитрија Чуповски” од Велес, ученици од 47 средни стручни училишта денес во Велес ги мерат своите сили во знаење, таленти и вештини. Натпревари во повеќе стручни категории, шоу на таленти, модни ревии, технолошки иновации, медицински лица, спортски…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ- “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”

Oпштина Велес се приклучува на акцијата “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД”, во организација на компанијата “МЕН EНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Делегација на Европска унија, Пивара и ПАКОМАК Скопје, која ќе се одржи на 06 и 07 мај. Организаторот има цел за секои 10 килограми…

5 МАЈ ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И МАКЕДОНСКАТА АЗБУКА

Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука, 5 Мај. Јазикот е најголемото културно и историско богатство на една нација со кој се идентификува и издвојува од другите народи. Да останеме доследни и верни на корените и традицијата, да продолжиме да го чуваме и негуваме мајчиниот јазик.

Честит Рамазан Бајрам!

На сите верници од исламска вероисповед Општина Велес им го честита овој голем празник. На овој ден да се потсетиме на значењето на слогата и заедништвото, меѓусебното разбирање и добрината, и да си посакаме добро здравје, радост, среќа и благосостојба.