ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Општина Велес ја информира јавноста дека во невремето кое зафати делови од територијата на општината, кое е најголемо во тој дел од општината по поплавата од 1974 година до денес, животот го изгуби еден граѓанин, а беше нанесена и голема материјална штета. Општинскиот штаб за заштита и спасување, денес на 9 август 2020 година (недела),…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ПАНТЕЛЕЈМОН

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Со голема благодарност за Вашиот сесрден придонес во негувањето на културните, духовните и историските вредности на Велес, во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам празникот Свети великомаченик Пантелејмон, заштитник на Велес, со желба за добро здравје, успех и благосостојба.        Со почит,   Градоначалник…

Соопштение за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог-ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА КП 16955/2 И КП 16956 ЗА КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), и донесената Годишна програма…

„РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН” ПРЕД ВЕЛЕШАНИ

Во чест на националниот празник Илинден, Денот на Републиката, а во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” вечерва на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк, се прикажа филмот „Републиката во пламен”. Поради актуелната ситуација со Ковид-19 сите настани и активности се реализираат согласно објавените протоколи за почитување на…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 2 АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам големиот празник Илинден, Денот на Републиката. На овој ден, кога се поставени темелите на македонската независност и сувереност, се потсетуваме и ги чествуваме илинденските генерации на славни и неславни јунаци, како и нивните големи подвизи и стремежи…

„МАКЕДОНСКИ НОТИ” НА КООРДИНАТИТЕ „ЛАТИТУДА 41’ / ЛОНГИТУДА 21’”

Во рамки на втората програмска вечер од Велешкото културното лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, вечерва во амфитеатарот во Младинскиот парк се одржа концертот „Македонски ноти” со староградски и новокомпонирани песни на кој настапија музичките групи „Соната” и „Виртус”. Поради актуелната состојба со пандемијата Ковид-19 концертот се одржа на отворено, а велешката публика…

ОДБЕЛЕЖАН 2 АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Со положување цвеќе на Спомен-костурницата, споменикот на велешките Илинденци и пред споменикот на великанот Панко Брашнаров, денес се одбележа националниот празник Илинден, Денот на Републиката. По повод 117 години од почетокот на Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората…

ВЕЛЕШКО СЕМЕЈСТВО СПАСИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ

По објавата на информацијата дека семејството на наш сограѓанин на Велес кој трагично го загуби животот одлучило да ги донира неговите органи за да спаси човечки животи, би сакал како градоначалник на Општина Велес во името на сите граѓани да ја изразам мојата огромна благодарност и почит за нивниот хуман гест. Во свое лично име,…

УРЕДЕНА И ПРИСТАПНА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

ел од крајбрежниот појас на велешкото езеро „Младост” од денес е целосно достапен за користење и за лицата со попреченост. Неорганизираното зеленило во појасот околу т. н. Прва плажа е целосно отстрането. Поставена е пристапна патека и плажа за пристап на лица со попреченост, а ќе се постави и ограда за безбедно да се стигне…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламската вероисповед, Во името на Советот на Општина Велес, од името на сите жители на Општина Велес и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Празнувањето на Курбан Бајрам е составен дел од традицијата на нашето општество, во кое верските посебности претставуваат дополнителна вредност и афирмирање…