Членовите на Општинскиот Совет за превенција од детско претстапништво денеска одржаа редовна седница. На дневен ред меѓу другите точки, членовите ја разгледаа Програмата на активности за 2024 година и со свои предлози го дополнија Акцискиот план по кој ќе работат. На денешната седница се разгледаа и ризик факторите кои доведуваат до несоодветно однесување на децата и начинот на кој ќе овозможи соодветна заштита и едукација. Советот за превенција од детско претставништво неодамна имаше соработка со Државниот Совет за превенција од детско претстапништво и беше посочен како еден од најактивните Совети во државата. Годинава исто како претходните, Советот ќе работи на подигнување на свеста на заедницата за постојниот и растечки проблем на детското претстапништво. Во рамки на своите активности Советот ќе организира одржување на јавни расправи, трибини и дебати како и контактни емисии на локални медиуми со тематски пристап. Ќе се организираат и едукативни работилници за пооделно целни групи, родители, ученици и наставници. Ќе се работи и на проекти за вклучување на заедницата во превенцијата и запознавање на децата со нивните права. Навремената превенција од детско претстапништво е важна затоа што децата се столбот на нашето општество.