ПРОЕКТИ ВО СЕЛО ИВАНКОВЦИ

Целосна промена на уличното осветлување, реконструкција и бетонирање на две улици ќе следува во село Иванковци. Градоначалникот Марко Колев  ги посети жителите на ова село и разговараше со нив за нивните проблеми и потреби, но и за она што ќе се случува во иднина во нивното место на живеење. Тој им соопшти дека во тек…

ВЕЛЕШАНЕЦОТ ШТО ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Среќниот фаќач на крстот годинава, на големиот христијански празник Богојавление Водици, 33 годишниот Игор Иванов, денеска заедно со тајфата и Светиот крст ја посети Општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев разговараа за желбата да се биде дел од чинот на осветувањето на водите, за значењето на празникот и плановите во иднина. „Посакувам симболот кој…

ЗАПОЧНА ПРОМЕНАТА НА УЛИЧНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Од денеска почна да се заменува старата мрежа за улично осветлување во Велес. Досегашните улични светилки ќе се заменуваат со нови лед светилки. Екипите на Македонски телеком од утрово се на терен и во наредните месеци активно ќе работат на промена на целата мрежа на улично осветлување на територијата на Општина Велес.

ИГОР ИВАНОВ ГО ФАТИ СВЕТИОТ КРСТ ВО ВЕЛЕС

Триесет и три годишниот Игор Иванов од населба Превалец е најсреќниот меѓу стотината велешани кои денеска на големиот христијански празник Богојавление Водици скокнаа во ладните води на Вардар по Светиот крст. Иванов е семеен човек, сопруг и татко на три деца. „Годинава ми е среќна година, на Божиќ ми се роди ќерка. Нека е среќна…

БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление Водици, Општина Велес ги повикува сите заинтересирани православни христијани кои сакаат да учествуваат на традиционалното фаќање на светиот крст од водите на река Вардар, да се пријават во просториите на Повардарската епархија, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот. Чинот на фрлање на светиот крст ќе се…

МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ „СТЕФАН ГАЈДОВ“ СО НОВИ ИНСТРУМЕНТИ

Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“ обезбеди нови инструменти за своите ученици. По завршувањето на зимскиот распуст, наставниците и учениците од нижото музичко училиште ќе можат да учат и да се надградуваат на новите музички инструменти. Средствата за набавка на инструментите беа обезбедени пред крајот на 2024 година со што уште еднаш се потврди приоритетот…

82 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ БЛАГОЈ СТРАЧКОВСКИ И ПРВОБОРЕЦОТ СЛАВЕ ПЕТКОВ

Денеска се одбележува 82 годишнината од загинувањето на народниот херој Благој Страчковски и првоборецот Славе Петков. Благој Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основното училиште веднаш почнал да работи а за кусо време стапил во револуционерното движење. Како член на синдикатот учествувал во штрајкови…

НОВ СООБРАЌАЕН РЕЖИМ

На вонредната седница, Советот на Општина Велес ја изгласа и усвои одлуката за времен соображаен режим додека трае санацијата на мостот кај Башино Село. Во координација со сите институции и приватниот сектор, советот ја донесе одлуката, во наредниот период, сообраќајот да се одвива на следниов начин: Товарниот сообраќај за влез во Велес се пренасочува од…

Јавен повик за избор на членови на управен одбор на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на два члена на управен одбор на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес. Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен…

Јавен повик за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на два члена на надзорен одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Парк – Спорт и Паркинзи“ Велес. Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за…