ПРОГРАМА, 9. НОЕМВРИ – ДЕН НА ОПШТИНА ВЕЛЕС
Програма, 9. Ноември
Програма, 9. Ноември
На 31 октомври се навршуваат 45 години од смртта на Бане Андреев – Ронката, македонски комунистички деец, учесник во НОБ, државник и политичар кој целиот свој живот го посветил на борбата за социјална правда и слобода на македонскиот народ. Бане Андреев Ронката е роден на 12 август 1905 година во Велес. Основно училиште и гамназија…
Се известуваат граѓаните на Oпштина Велес дека поради обрушување на подземен канал за одведување на отпадни води на пристапен пат во градски парк кој води до влезот на спортската сала, патот ќе биде прекинат за сообраќај. Ќе бидат поставени барикади и сообраќајни знаци заради безбедност на граѓаните. Пристапот до влезот на спортската сала ќе биде…
Новото детско катче изградено во близина на железничката станица денеска беше ставено во функција. Детското игралиште го носи името „Зоки Поки“ во чест на прерано починатиот Зоран Љутков, еден од сопствениците на компанијата Пододекор, која е донатор на игралиштето. Општина Велес упатува голема благодарност до семејството на Љутков кое во најтешките мигови смогна сили да…
Во тек се подготовките за еден од најзначајните културни настани во Велес Интернационалниот фестивал на античка драма Стоби. Годинава по дваесет и втори пат ќе се одржи реномираниот фестивал на кој ќе настапат неколку театри од земјава и странство кои ја негуваат античката драма. Свеченото отворање на фестивалот е на 29 октомври со претставата „Агамемнон:…
Општина Велес упатува честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. На овој историски датум се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење кои водени од праведни идеали и принципи ја започнаа борбата за слободна и самостојна држава. Се поклонуваме на сите знајни и незнајни борци кои без никаква помош од надвор, храбро…
Во тек се градежни активности за поставување на рабници на регионалниот пат кон Превалец, во должина од 400 метри. По завршување на овие градежни зафати ќе следи поплочување на дел од тротоарот. Во соработка со ЈПДП и Македонија пат, по финиширање на градежните зафати ќе се изврши гребење на стариот асфалтен слој и ќе се…
По повод одржување на концерт на Саша Матиќ во Спортската сала Гемиџии Велес, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 18:00 часот па сé до 01:00 часот по полноќ во сабота, 18 октомври. Со цел да се избегнат логистички непријатности, по барање на СВР Велес е донесена одлука да се затвори за…
Старите нефункционални семафори на раскрсницата кај ЕВН се заменети со нови. Со пренамена на средства во општинскиот буиџет се набавија новите семафори. Со оваа инвестиција се надминаа сите досегашни технички проблеми поради застареноста на технологијата. Со поставувањето на новите семафори се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Велосипедистите го искористија убавото време и возеа на рекреативната велосипедска тура “Велес MTB Tour 2025” која по 12ти пат во организација на Велес Бајкинг тргна од винаријата Шато Сопот. Детскиот хор Златно славејче ги разигра и распеа најмалите кои во огромен број дојдоа и се забавуваа заедно со нив. Вистинско уживање за љубителите на старите…