ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО КЛУКОВЕЦ

Во тек се земјени работи за реконструкција на една улица во село Клуковец. По завршувањето на подготвителните работи, улицата ќе се бетонира. Рамномерниот развој на руралните средини е важен за развој на општината.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Во периодот од 16 до 22 септември 2025 година, тим од Општина Велес и оваа година организира активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2025 во тесна соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании. Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании…

81 ГОДИНА ОД БИТКАТА КАЈ РАШТАНСКИ КОЛИБИ

Денеска се навршуваат 81 година од загинувањето на борците од Осмата МНОУБ кај месноста Раштански колиби. Борбите се воделе помеѓу борците од Четвртиот батаљон на 8 велешка бригада со германските војници, за зачувување на позициите на слободната територија во месноста, недалеку од Велес. Во жестоката битка што траела еден час, се користеле сите расположливи воени…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ВТОРО ЛАРВИЦИДНО ТРЕТИРАЊЕ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност, Општина Велес ја известува јавноста дека на 09  и 10 септември 2025 година ќе се извршува второ…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8 СЕПТЕМВРИ

Со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата, денеска се одбележа независноста на Република Македонија, 8 Септември. Делегации на Општина Велес, Армијата на Република Македонија, на јавни институции, политички партии и Здруженија на граѓани, им оддадоа почит на борците кои со својот живот се запишале во создавањето на овој значаен историски…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 8 СЕПТЕМВРИ

Општина Велес упатува честитки до сите граѓани по повод независноста на Република Македонија. На 8 Септември годинава се одбележува 34 годишнината од слободна, независна и самостојна Македонија. На овој светол датум го славиме раѓањето на една нова ера од битисувањето на македонскиот народ кој со векови се борел со единствена мисла, слободна и самостојна држава.…

ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА АЛЕСКО ДЕМНИЕВСКИ БАУМАН

Денеска се навршуваат 64 години од смртта на македонскиот комунист и учесник во НОБ и во Шпанската граѓанска војна Алексо Демниевски Бауман. По тој повод градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, и претседателот на Советот на Општина Велес, Даниел Јаневски, положија свежо цвеќе пред неговата спомен биста. Почит на Бауман му оддаде и делегација на…

НОВ ПАРКИНГ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

Во тек се градежни работи за изградба и уредување на паркинг простор кај новоизградениот кеј на реката Вардар до Мало мовче. Со изградбата на овој паркинг простор ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот до изградбата на подземната гаража.  

ЌЕ СЕ ЗАШТИТУВА ИСТОРИСКОТО И КУЛТУРНОТО БОГАТСТВО НА ВЕЛЕС

Во рамки на Годишната програма за 2025 година, министерството за култура и туризам издвои околу 20 милиони денари за поддршка на проекти во Велес за развој на културата и негување на историското наследтсво во Велес. За таа цел, министерот за култура и туризам Зоран Љутков заедно со директорот на Националниот конзеравторски центар Александар Јордановски и…

84 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ПОЕТОТ И РЕВОЛУЦИОНЕР КОЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ

Денеска се одбележуваат 84 години од смртта на македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски. Пред спомен бистата на поетот, во кругот на средното стручно училиште, што го носи неговото име, делегации на Општина Велес и на јавни институции положија цвеќе и му оддадоа почит. Коле Неделковски е роден во велешкото село Војница. Тој  е еден…