СВЕЧЕНО ОТВОРЕНИ 58. РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Во чест на споменот на поетот на вечноста, Коста Солев Рацин, делегации положија свежо цвеќе на Спомен Костурницата. Пред паметникот се поклонија Градоначалникот Коцевски, членови на Советот на Општина Велес, претставници на АРМ, членови на семејството на Рацин, претставници на јавни институции и училишта. Велес деновиве живее во духот на големиот Рацин, а стиховите поезија…

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТ„ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИ АКЦИСКИ ГРУПИ И РЕАЛИЗАЦИЈА НА СТРАТЕГИИ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ НА РУРАЛНИ СРЕДИНИ“

ЛАГ Вардар ЛЕАДЕР – Градско во својата завршна фаза на спроведувањето на проектот „Воспоставување на Локални Акциски Групи и реализација на Стратегии за Локален Развој на Рурални средини“ ја организираше својата последна активност со што и официјално се затвори овој проект. На Завршната Конференција учествуваа градоначалниците на Општина Велес,  Аце Коцевски, Општина Чашка, Горан Стојановски…

МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СИНТЕЗИ: РАЦИН И КОНЕСКИ“

Во рамки на 58-то издание на Рацинови средби денеска се одржа меѓународната научна конференција „Синтези: Рацин и Конески“, во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Конференцијата е во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а е поддржана од Министерството за култура, Општина Велес и театарот „Ј.Х.К. Џинот“.  На конференцијата, посветена на двајцата…

МИЛОВАН СТЕФАНОВСКИ ДОБИТНИК НА РАЦИНОВОТО ПРИЗНАНИЕ ЗА 2021 ГОДИНА

На денешната прес конференција, Градоначалникот Коцевски во својство на претседател на Организацискиот одбор на меѓународната поетска манифестација „Рацинови средби“ ги соопшти одлуките за доделување на Рациновото и Почесното Рациново признание за 2021 година. Годинава, жири комисијата во состав Христо Петрески (претседател) и членовите Стефан Марковски и Делвина Крлуку, одлучи престижната награда Рациново признание за 2021…

ОБЈАВА бр. 2/2021 (прв пат) за давање под закуп на деловни и административни простории во сопственост на Општина Велес со електронско јавно наддавање

Врз основа на член 2, став 4, алинеја 1 и 2, член 36 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.78/15,106/15,153/15,190/16,21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19 и 275/19),Комисијата за недвижни и движни ствари сопственост на Општина Велес согласно…

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Стотина граѓани меѓу кои преставници на еколошки здруженија, членови на ЗГ „Акцијаш “, вработени во ЈКП „Дервен“, членови на советот на Општина Велес,  денеска учествуваа во акцијата за чистење што ја организираше Општина Велес, во рамки на одбележување на Светскиот ден на животната средина, 5 јуни. Во акцијата учествуваше и градоначалникот Аце Коцевски и вработени…

ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА ЕЗЕРЦЕТО ВО ГРАДСКИ ПАРК

Со настапот на најмалите велешанчиња, децата од Детската градинка „Димче Мирчев“ , денеска свечено беше пуштено во употреба новоизграденото езерце во Градскиот парк. На настанот што го организираше Општина Велес присуствуваа Градоначалникот Коцевски, пратеникот Игор Здравковски, членови на Советот на Општина Велес, директори на јавни институции основани од општината, граѓани. Градоначалникот Коцевски изрази голема благодарност…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Општина Велес Ве информира дека настанот што ќе се одржи на 4 јуни (петок), по повод пуштање во употреба на новоизграденото езерце и новата зелена површина во Градски парк, од оправдани причини се поместува еден час порано и ќе започне во 10:00 часот. Настанот се одржува во рамки на одбележување на 5 јуни Светскиот…

Јавен повик за мапирање на самохрани родители

Општина Велес во соработка со Здружение за родова еднаквост ЕДНА МОЖЕ!-Скопје, ќе спроведе мапирање на самохрани родители и тоа: -самохран родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат или исчезнат; -самохран родител на дете чиешто татковство не е признаено; -самохран родител, чиј што статус…