ОДБЕЛЕЖАН 9 МАЈ, ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ

Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Делегации на општината, на институции, на АРМ, борци и на политички партии положија свежо цвеќе пред спомен бистата во Спомен костурницата и им оддадоа почит на паднатите борци за слободна Македонија. 9 Мај 1945 година е денот кога народот победи, а фашизмот остана да…

Решение за одобрување на барањето за субвенционирање физички лица за купен велосипед за 2025 година

Согласно Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед („Службен гласник на Општина Велес“ бр. 08/22, 08/24), а врз основа на Одлуката за определување на максимален износ за доделување на поединечни субвенција на физичко лице…

ОБЈАВА бр.3/2025 (прва објава) за давање под закуп на деловни простории во пензионерски дом КП 2831/1

ПРЕДМЕТ НА ЗАКУП СО ЈАВНОТО ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ Предмет на оваа објава е давање под закуп на деловен простор во објект кој се наоѓаат  на КП 2831/1, согласно Имотен лист 29431 за КО Велес, со адреса на ул.„ Димитар Влахов“,Велес, изразени во табеларниот преглед, кој се издава согласно заведена, Одлуката од Совет на Општина Велес за…

ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ ПОСТАВЕНИ НА ЛОКАЛНАТА БИБЛИОТЕКА „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

Уште една локална институција добива фотоволтаични панели. Во тек се зафати за поставување на фотоволтаици на покривот на локалната библиотека „Гоце Делчев“, со што ќе се постигнат заштеди во потрошувачката на електричната енергија. Со ваквите инвестиции значително се придонесува за зголемување на продуктивноста во работењето на библиотеката.

Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Велес

Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Велес Согласно Законот за младинско учество и младински политики, Општина Велес објавува Јавен повик за избор на младинска организација или организација за млади која ќе раководи со Младинскиот центар во Велес. Јавниот повик трае 15 (петнаесет) дена…

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025 ВО ВЕЛЕС

Општина Велес и годинава се приклучува на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 25”, во организација на компанијата „МЕН ЕНД МАУНТЕН”, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЗЕЛС, Црвен крст, Пивара, Пакомак, Шпаркасе МК, Нула отпад, Бучим, Макстил, ЕВН, Костал. На ден 09.05.2025 година (петок) ќе се спроведе…

СООПШТЕНИЕ – ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на општина Велес дека во текот на следните денови ќе се вршат градежни активности – крпење на ударни дупки на асфалтни улици  на повеќе локации низ градот . Во текот на изведувањето на  градежните работи ќе се користи градежна механизација , ќе се поставува  соодветна сообраќајна сигнализација . На одредени локации можно…

„ШЕПА“ ЗАПОЧНА СО РАБОТА

Започна со работа регионалниот стационар за згрижување на бездомни животни „Шепа“. Стационарот има капацитет од 67 бездомни животни кои ќе се заловуваат, третираат и повторно пуштат на улица. Објектот опфаќа ветеринарна клиника за прием, преглед, кастрација, чипирање, лекување на домашни миленици или бездомни животни. Регионалниот центар  ќе опслужува девет општини, Велес, Чашка, Лозово, Свети Николе,…

5 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

На 5 мај се одбележува Денот на македонскиот јазик. Азбуката е создадена на 3 мај 1945 година а официјализирана е на 5 мај со објавување во весникот „Нова Македонија“. На овој ден оддаваме почит на македонскиот јазик се потсетуваме на Рацин и Конески, како и на сите нивни претходници и следбеници, дејци, основоположници на писмениот,…

122 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА МАКЕДОНСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

Денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев. Тој бил убиен од турската војска во селото Баница, на патот кон Сер. Гоце Делчев важи за еден од најистакнатите национални херои и борци за независна и слободна Македонија. Тој е деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на…