ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ – ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР

Денеска започна изградбата на најзначајниот капитален проект за Велес и велешани во последните три децении, новиот Градски пазар. На денешниот свечен настан по повод отпочнувањето на изградбата, во организација на Општина Велес, присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , вицепремиерите Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој…

ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

Во сабота на 03.04 2021 година, со почеток во 11:00 часот Општина Велес организира свечен настан по повод започнување на изградбата на новиот Градски пазар. Настанот ќе се одржи на горната платформа на веќе постоечкиот пазар. На свеченоста по повод отпочнувањето на градежните работи на пазарот, ќе присуствуваат градоначалникот Аце Коцевски, претседателот на Владата на…

ПРОЛЕТНА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ОПШТИНА ВЕЛЕС

Граѓански активисти од Здруженија на граѓани денеска го чистеа просторот околу објектот во кој се сместени дел од граѓанските здруженија, што се наоѓа во населбата ,,Дворови“. Во работната акција активистите собраа 22 вреќи од 250 литри со различен вид на отпад и тоа не само од околината туку и од просториите на објектот. Пролетната еколошка…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ,,ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

Општина Велес ги исклучи светлата на платото пред Основен суд Велес и Мало Мовче и на тој начин го одбележа ,,Часот на планетата земја“. Со едночасовно исклучување на светлата од 20.30 до 21.30 часот, на овие локации, Велес и велешани се вклучија во акцијата против климатските промени и испратија порака за значењето на природата и…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ, 27 МАРТ

Почитувани театарски работници и љубители на театарската уметност, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 27 март, Светскиот ден на театарот. Театарот е магија, волшебство, мистерија, театарот е култно место во кое секој што влегол не останал рамнодушен,…

Известување

Се известуваат граѓаните на Велес дека утре, 27 март 2021 година, со почеток во 20.30 часот ќе се изгаснат светлата на платото пред Основен суд Велес и на Мало Мовче, по повод одбележувањето на ,,Часот на планетата Земја“. Осветлувањето ќе биде исклучено еден час до 21.30 часот. Со овој симболичен настан, со исклучување на светлата…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Општина Велес Ве известува дека од понеделник, 29 март 2021 година, ќе се асфалтира улицата  „Васа Кошулчева“ – кракот под „Тргошпед“. Заради непречено изведување на градежните работи Ве замолуваме да не ги паркирате Вашите автомобили на улицата, бидејќи во текот на работата ќе се користи и градежна механизација од различен вид со која ќе…

МОТО КЛУБОТ „МОТО ВЕЛЕС“ НАЈТРОФЕЕН КЛУБ ЗА 2020 ГОДИНА

Мото клубот „Мото Велес“ по втор пат е државен првак на ЕНДУРО шампионатот на Македонија за 2020 година. Претседателот на клубот, Сашко Ванов и младиот моторциклист Драган Ванов денеска остварија средба со Градоначалникот Коцевски и му ги презентираа постигнатите резултати и добиени пехари на трката. Во најконкурентната Е1 класа, Драган Ванов ја освои третата шампионска…

ТЕРЕНСКО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ ЛАРВИ ОД КОМАРЦИ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес ја известува јавноста дека од 29 март 2021 година, во зависност од временските услови, ќе…

ВИКИ КЛУБОТ ОД ВЕЛЕС СО НАГРАДА ОД АМБАСАДАТА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Ученикот во прва година во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и член на „Вики клуб“ Велес, Петар Иванов е еден од петмината победници на уредувачкиот предизвик на тема „Запознајте ја Русија“, организиран од Амбасадата на Руската Федерација и Здружението на граѓани „ГЛАМ Македонија“. На Петар наградата лично му ја додели Амбасадорот на Руската Федерација Н.Е Сергеј…