Прес конференција на градоначалникот Коцевски

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, ја информираше јавноста за состојбата во врска со Коронавирусот во Велес и велешко и дополни дека „нема место за паника, сè е ставено под контрола, состојбата не е алармантна и со анкетите се откриени изворите на заразата”. Според информациите од денешната, дванаесетта седница на Општинскиот…

Успешна акцијата за пошумување – опстанаа речиси 100% од садниците

По катастрофалниот пожар што ја зафати околината на езерото Младост и уништи 40 хектари драгоцена шума, кон крајот на минатата година Општина Велес организираше масовна акција за пошумување. Во акцијата беа засадени 13.700 садници. 2 700 садници беа обезбедени од донатори кои самите ги засадија садниците, а Општина Велес обезбеди средства за набавка на 11…

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод 12 мај, Светскиот ден на медицинските сестри, акушерки и техничари

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите медицински сестри, акушерки и техничари им го честитам 12 мај, Светскиот ден на медицинските сестри, акушерки и техничари. Вашиот секојдневен хуман придонес, посветеноста и грижата кон пациентите, како и професионалниот пристап…

Донесените мерки за двата пазари во Велес, остануваат на сила

Во просториите на Општина Велес, денес се одржа средба на која градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски заедно со претставници од Центарот за јавно здравје – Велес, инспекциските служби, МВР – СВР Велес и ЈКП Дервен разговараа за прашања поврзани со отворањето на Малото пазарче во Нова населба, како и за досегашната работа на Градскиот…

Одбележан 9 мај, Денот на победата над фашизмот

Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Аце Коцевски, претставници на Советот на Општина Велес и од општинската администрација, како и на политичките партии, денес положија свежо цвеќе на Спомен – костурницата, паметникот на жртвите од Велес и велешко од НОВ, со што се одбележа 9 мај, Денот на победата над фашизмот

Апел за совесно однесување на посетителите на езеро „Младост”

Почитувани, Општина Велес упатува апел до сите посетители на езерото „Младост”,  љубителите на природата, воедно до сите граѓани од целата држава, за совесно и соодветно однесување кога се наоѓаат на просторот на рекреативниот центар „Езеро Младост”. Сите пропратни содржини околу езерото (патеки пополочени со камен, летниковци, клупи, зелени површини и слично) се подеднакво наменети за…

Спроведено чистење и дезинфекција на езеро „Младост”

Во текот на оваа седмица ЈКП „Дервен” во координација со Општина Велес спроведе генерално чистење на рекреативниот центар „Езеро Младост” на главниот пристапен пат, улиците до угостителските објекти, Сателитската населба, како и просторот околу академијата „Прокредит”. Бидејќи во тек се градежните активности за реализација на проектот „Паметно езеро Младост”, општината се заложува да ја унапреди…

Поздравена предлог-иницијативата за намалување на висината на комуналните такси поради Ковид-19

На денешната седма седница на Локалниот Економски совет што се одржа во големата сала на Општина Велес, Градоначалникот Аце Коцевски пред стопанствениците ја соопшти предлог одлуката на Општина Велес за олеснувања за бизнис секторот кој се соочува со криза поради Ковид-19. Како што рече Коцевски, општината може да му помогне на бизнис секторот со намалување…

Честитка од градоначалникот Коцевски по повод 8 мај, светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите активисти на Општинската Организација на Црвениот крст, на сите крводарители и хумани граѓани, ви го честитам 8 мај, Светскиот ден на црвениот крст и црвената полумесечина. Насекаде во светот Меѓународното Движење…

Потврдена соработката помеѓу Општина Велес и Командата за Обука и Доктрини

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денес оствари средба со Командантот на Командата за Обука и Доктрини, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев од касарната “Алексо Демниевски Бауман”. На средбата беше потврдена поддршката од доменот на цивилно – воената соработка помеѓу Општина Велес и припадниците на велешкиот гарнизон и беше изразено задоволство дека истата ќе продолжи…