ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА И СОБИРАЊЕ ВО ГРУПИ

Како дел од мерките за заштита и превенција од ширење на Covid – 19  (коронавирус), Општина Велес ја известува јавноста дека ги затвора сите детски игралишта, оградувајќи ги со заштитна лента спортските терени, патеката околу езеро „Младост” и другите јавни површини во градот со цел редуцирање на движењето на граѓаните. Општина Велес апелира до сите…

ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа денес, во просториите на Општина Велес, а на која присустуваа  членовите на Општинскиот штаб и претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, ЈЗУ Центар за јавно здрвје, Општинската организација на Црвен Крст, од стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни…

ПОДЕЛЕНА ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС

Заврши акцијата за доделување на хуманитарна помош во прехрамбени пакети на 54 социјално загрзозени семејства од градот. ОЈУДГ „Димче Мирчев” ја донираше храната за овие пакети, изборот на семејства го изврши Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а хуманитарната акција која започна минатиот петок и заврши денес ја спроведуваа мобилните тимови на Општинската организација на Црвен…

ОДРЖАНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на која присустуваа  членовите на Општинскиот штаб и претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, ЈЗУ Центар за јавно здрвје, Општинската организација на Црвен Крст, од стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни работи, АРСМ, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита…

Реконструкција на одводна атмосферска коловозна решетка (крстосница кај Стар Мост)

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, Општина Велес во соработка со ЈП Македонски железници – Инфраструктура, започна со реконструкција на одводната атмосферска коловозна решетка на улица „Димко Најдов” (крстосница кај Стар Мост) во Велес. Во периодот од 23 до 30 март 2020 година ќе се започне со реализација втората фаза, а со тоа ќе…

ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ТАКСИ-ВОЗИЛАТА И ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека на почетокот од оваа седмица, испрати препорака до сите такси-превозници на подрачјето на Општина Велес да ги дезинфицираат такси-возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси-возачите да користат лична зашитита (маска и гумени ракавици). По препораките од страна на Владата и општината, лиценцираните авто-такси…

КОЦЕВСКИ СО ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПРОМЕНА НА ПРАВНИОТ СТАТУС НА УЧИЛИШТЕТО ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО ВО САМОСТОЕН ПРАВЕН СУБЈЕКТ

Почитувани, Би сакал да Ве информирам дека користејќи ги одредбите од член 50, став 6,  од Законот за локална самоуправа, а врз основа на одредбите од член 23а, од Законот за основно образование,  во кој се вели дека основно училиште може да се основа и како посебен правен субјект доколку ги исполнува условите предвидени со…

Известување – едукативна програма на МРТВ

Почитувани, Ве известуваме дека од денес 16 март 2020 година на Македонската Радио Телевизија започнува емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“. Трите канали на националниот телевизиски сервис ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои учениците ги изучуваат на училиште. Наставници ќе ги предаваат лекциите кои во овој период требаше да бидат совладани согласно наставните…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ – ПРИЕМЕН ДЕН

Почитувани, Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, а по предлог од Министерството за здравство кои се однесуваат на превентива и заштита од вирусот Ковид 19 (Корона вирус), Општина Велес ја известува јавноста дека средбите на граѓаните со градоначалникот на Општина Велес, кои редовно се реализираат секој вторник, во наредниот период од 14 денови…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ФОРМИРА МОБИЛНИ ТИМОВИ ЗА ПОМОШ НА СИТЕ ВОЗРАСНИ ЛИЦА, ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА, ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ И ХРОНИЧНО БОЛНИ ЛИЦА, КОИ ЖИВЕАТ САМИ ИЛИ НЕМААТ ПОДДРШКА ОД СЕМЕЈСТВАТА

Почитувани, Ве известуваме дека поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, Општина Велес формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на Општина Велес. Услугата која ќе…