ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Во петок, 11.03.2022 година, ќе биде затворен  за сообраќај дел од улицата „Архиепископ Михаил“ и тоа од спој со улица „Љубен Весов“ до спој со улица „Коле Неделковски“ (кај јаворот ) поради изведување на градежни работи, бетонирање на плочата од улицата. Улицата ќе биде затворена за сообраќај во период од 10:00  до 12:00 часот со…

ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Во рамки на отпочнатите активности од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на нов просторен план на Република Македонија денес во Општина Велес се одржа работна средба со заменик министерката, д-р. Христина Оџаклиеска, советот на Центар за развој на Вардарски плански регион и работната група за следење, водење и насочување…

НА ПОВИДОК СИСТЕМСКО РЕШЕНИЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО КУЧИЊАТА СКИТНИЦИ

На денешната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион беа дискутирани повеќе тековни теми, меѓу кои и проблемот што општините од овој регион го имаат со уличните кучиња. Изградба на регионален центар – прифатилиште за згрижување на бездомните животни во текот на 2022 година е заедничкиот заклучок на сите присутни на состанокот, со…

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА РЕКВИЗИТИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Општина Велес ги предаде на користење опремата и реквизитите од проектот „Инклузивен смарт туризам, рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес  во соработка со Здружението за безбедност на вода и планини „Македонски спасител“ – Велес и Сојузот за…

УЧЕНИЦИТЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Денес во посета на Општината заедно со нивната наставничка дојдоа учениците од III-2 одделение од ООУ „Васил Главинов“. Како дел од наставната програма се запознаа со работата на Советот и градоначалникот и ги посетија некои од просториите во кои се одвива нашата работа. Умните ученици дојдоа подготвени со прашања за градоначалникот Марко Колев и неговата…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ЛИЧНО ИМ ОДДАДЕ ЧЕСТ НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

Иако секој ден е одлична можност да ги прославиме жените и нивната значајна улога во домот и општеството, Меѓународниот ден на жената ни дава уште една причина да го направиме токму тоа. Денес, градоначалникот Марко Колев им оддаде чест на сите жени вработени во општинската администрација лично врачувајќи им подарок, оддавајќи им признание за сите…

Седница на партиципативното тело на Општина Велес

Врз основа на член 111,став 1 од Деловникот на Советот на Општина Велес (“Службен гласник на Општина Велес”бр. 12/07, 03/09 и 18/10),и член 3 став 5 од Деловникот на партиципативното тело на Општина Велес бр.25-1130/24 од 28.02.2022 година, С В И К У В А М седница на партиципативното тело на Општина Велес Седницата ќе…

ОДБЕЛЕЖАН ПРВИОТ САМОСТОЕН ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ОУ „ЛИРИЈА“ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО

Градоначалникот Марко Колев на покана на директорот на ОУ „Лирија“ во с.Бузалково денес присуствуваше на одбележување на првиот самостоен патронен празник на училиштето. Градоначалникот Колев ги поздрави присутните гости и во име на директорот им додели благодарници на заслужните наставници. ОУ „Лирија“ во с.Бузалково кое од формирањето во 1945 година до 70тите години работи како…

ГРИЖЕЈЌИ СЕ ЗА ОКОЛИНАТА, СЕ ГРИЖИМЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ

Еден од главните приоритети беше хигиената во нашиот град. Во изминатиот период заедно со службите на ЈКП Дервен: – Исчистени се голем број на диви депонии во градот и собрани се 472м3 смет и шут – Исчистени се 161м3 атмосферски канали од наноси од земја и смет кои со години не беа исчистени – Хортикултурно…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ВО РАМКИ НА РЕГИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН2 (ReLOaD2)

Општина Велес во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2). Проектот има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку…