РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВТОРИОТ ДЕЛ НА УЛИЦА „БЕЛГРАДСКА“

Продолжуваат градежните работи на вториот дел од улица „Белградска“. Моментално е активна градежната механизација со која се вршат последните земјени зафати по што ќе следи поставување на рабници и асфалтирање. Во изминатиот период на овој дел од улицата беше извршена промена на водоводната мрежа и изграден еден потпорен ѕид, а поставен е и фундамент за…

ЈАВНА ТРИБИНА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ И РАНА ДЕТЕКЦИЈА НА БОЛЕСТИ ПОД МОТОТО „РАНО ОТКРИВАЊЕ СПАСУВА ЖИВОТИ.“

Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Општина Велес, по повод одбележувањето на „Светскиот ден на здравјето“ 7-ми Април, организира Јавна трибина за превентивни прегледи и рана детекција на болести под мотото „Рано откривање спасува животи“. Јавната трибина е посветена на подигање на свеста за значењето на превентивните прегледи и раната детекција на болести.…

КИНЕСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е.  Џијанг Сјаојан, оствари работна посета на Општина Велес. На средбата со градоначалникот Марко Колев се разгледаа можностите за продолжување и продлабочување на соработката на Општина Велес и Амбасадата на Народна Република Кина на полето на културата, спортот, туризмот. Во рамки на посетата, амбасадорката го посети и…

ОДРЖАНА ПРВАТА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Од страна на Советот на Општина Велес е формирана Комисија за унапредување на правата на пациентите составена од 11 члена согласно Законот за заштита на правата на пациентите. Комисијата за унапредување на правата на пациентите е формирана за да се овозможи заштита на правата на пациентот со што би се обезбедила квалитетна и континуирана здравствена…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Општина Велес ве информира дека поради одржување на настан ќе биде воведена привремена забрана за сообраќај во Градскиот парк. Забраната ќе важи на 04 април  (сабота) во периодот од 10:00 до 15:00 часот. Настанот што ќе се одржи од 11:00 до 14:30  часот во Градскиот парк е презентација на воена опрема, борбени возила и…

НАЈМЛАДИТЕ ВО ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖАА 1 АПРИЛ, ДЕНОТ НА ШЕГАТА

Изостана најинспиративното и највеселото дефиле за 1 Април, денот на шегата, низ улиците на Велес, но не изостана насмевката кај најмалите наши сограѓани кои преправени во маските на своите омилени ликови од цртните и природата донесоа радост на дождливиот пролетен ден. Сите во своите објекти, децата од градинката „Димче Мирчев“ и основните училишта, облечени во…

ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР ОД 4 ДО 9 АПРИЛ

Во пресрет на Велигденски празници Општина Велес организира Велигденски базар. На тезгите пред Панини, велешките ракотворци ќе ги изложат своите рачни изработки. Граѓаните ќе имаат можност да си купат прекрасно изработени уникатни велигденски изработки. Базарот ќе се одржи од 4 до 8 април, а на 9 април со сојата креативност ќе се претстават градинките и…

„ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН“ ПО ПЕТТИ ПАТ ВО ВЕЛЕС

Атлетската трка „Трчаме за Рацин“ по петти пат ќе се одржи во рамки на одбележување на Рацинови средби. Во организација на Општина Велес и во соработка со Атлетската федерација на Македонија, трката ќе се одржи на 31 мај, годинава. Градоначалникот Марко Колев заедно со претседателката на Атлетската федерација Александра Војнеска Зикова денеска излегоа на терен…

ВИКЕНДОВ ДВЕ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ ОД ЈУБИЛЕЈНИОТ ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

Викендов Велес беше центарот на тетараската уметност, стартуваше јубилејното издание на театарскиот фестивал „5ре“ за чии претстави се бараше билет повеќе. На отворањето на фестивалот во чест на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко беше доделена истоимената награда за животно дело на актерот Атила Клинче за својот долгогодишен творечки опус како актер и професор. Тој…

СТАРТУВА ПЕТТОТО ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ НА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

На светскиот ден на театарот, 27 Март, Велес е центар на културните збиднувања. Стартува петтото издание на театарскиот фестивал „5ре“. На сцената на велешкиот театар вечерва премиерно ќе се одигра претставата „Тестостерон“, во режија на Синиша Ефтимов. Претставата, во изведба на велешките актери ќе се одигра и утре на 28 март. Во рамки на фестивалот…