НОВИ УНИФОРМИ ЗА ОСНОВЦИТЕ ВО ВЕЛЕС

Над четири илјади ученици од основните училишта во Велес учебната 2026/27 година ќе ја започнат со нови униформи. Униформите се обезбедени со средства од блок-дотациите на училиштата. Со оваа мерка ќе се намалат финансиските трошоци на семејствата,  ќе се обезбеди еднаков изглед на учениците со што ќе се поттикне чувство на припадност кон училиштето. Во…

НАСКОРО „ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2026“

Во тек се подготовките за „Велешко лето 2026“.  Програмата и годинава ќе биде богата со разновидни содржини и настани од областа на музиката, литературата, ликовната, филмската и друг вид на уметности. Настаните ќе се одржат на различни локации низ градот со што ќе бидат достапни до сите граѓани на Велес и пошироко. „Велешко лето 2026“…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ КОИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА КОМУНАЛНА ЧИСТОТА И РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТ ОД КОМУНАЛНА ИНФРАСТРУКТУРА

Општина Велес објавува Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица во рурални средини на територија на општина Велес за одржување на комунална чистота и реализација на проект од комунална инфраструктура, а врз основа на Програмата за изменување и дополнување на Програмата…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ВТОРА АЕРОСОЛНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност   Општина Велес ја информира јавноста дека, второто авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 10 јули…

Известување за реконструкција на дел од улица „11 Октомври“

На 07 јули 2026 година (вторник) ќе започнат градежни активности за реконструкција на дел од улица „11 Октомври“ и тоа  од спој со улица „Индустриска –Раштански пат“,  до спој со улица „Борис Трајковски“ (под Трговскиот центар ) Во фаза на изведување на градежните работи ќе се користи градежна  механизација од различен вид – градежни машини…

ЗАВРШИ ИФФ „ВЕЛЕС 2026“

Со настапи исполнети со богатство од традиции, песни и танци од различни делови на светот, викендов успешно заврши 21-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2026“. Во изминатите денови Велес беше домаќин на бројни фолклорни ансамбли кои преку своите настапи ја претставија културата, обичаите и националниот идентитет на своите земји. Фестивалот уште еднаш ја потврди…

ВТОРА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР ИФФ „ВЕЛЕС 2026“

На втората фестивалска вечер на сцената на Амфитеатар настапија „Распеани пензионери“ – Македонија, гостите од Мексико, македонското културно уметничко друштво „Светлост“ од Австралија, културно уметничкото друштво „Доситеј Обрадовиќ“ од Србија, гостите од Полска, Албанија и Италија. Посетителите имаа можност да слушнат и видат традиционални танци и песни во изведба на фолклорните групи и ансамбли кои…

ВЕЛЕС ВО ДУХОТ НА ТРАДИЦИЈАТА И КУЛТУРАТА ЗАПОЧНА ИФФ ВЕЛЕС 2026

Со традиционалното дефиле на учесниците низ велешките улици, вчеравечер започна 21-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2026. Играорците од различни краеви на светот им приредија вистинско дожување на граѓаните кои со воодушевување ги следеа нивните музички точки додека минеа низ главната улица. Учесниците продолжија во Амфитеатарот на Младински парк каде свечено ја отворија првата…

АПЕЛ ЗА ВНИМАТЕЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ВО УСЛОВИ НА ЕКТРЕМНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Поради екстремно високите температури и зголемената опасност од појава и ширење пожари, Општина Велес со апел до граѓаните да бидат максимално внимателни и одговорни при движење и престој на отворен простор, да не се пали оган на отворено, да не се палат стрништа, сува трева и отпад, како и да не се фрлаат догорчиња од…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ОТОВИЦА-СОЈАКЛАРИ

Завршува реконструкцијата на дел од патниот правец Отовица-Сојаклари. Во тек е постилање на асфалтен слој на дел од патниот правец, на потегот до винаријата, со што реконструкцијата влегува во својата завршна фаза. Во наредниот период ќе следуваат завршните активности за етапно асфалтирање на целата траса со два асфалтни слоја. Средствата за реализација на овој проект…