СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЕСЕНСКА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ОПОЖАРЕНИОТ ДЕЛ НА ЕЗЕРО „МЛАДОСТ”

Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро „Младост” која ќе се реализира на 28 декември 2019 година (сабота), на површина од 10 хектари. Во акцијата ќе земат учество вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции, здруженија на граѓани и правни субјекти кои покажаа интерес за учество во…

ОБЕЗБЕДЕНИ 1.900.000 ЕВРА ЗА ИЗГРАДБА НА УЛИЦИ И ПАТИШТА

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес најави повеќе проекти  и градежни активности за асфалтирање на улици и патишта во Општина Велес кои ќе придонесат за подобро, побезбедно и квалитетно одвивање на сообраќајот како во градот, така и во населените места во Општина Велес. „По договорот за заем за финансирање проекти за поврзување на…

ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ХИДРОСИСТЕМОТ „ЛИСИЧЕ”

„На предлог на Владата, Собранието на РСМ донесе Закон за задолжување со заем кај Кредитната банка за обнова КФВ, по договор за заем за финансирање на Програмата за наводнување од која од вкупниот износ 26.000.000 евра се наменети за хидросистемот „Лисиче’”, истакна градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција пред новинарите. Средствата…

НОВ ЗАТВОРЕН ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, најави дека Владата и доделува 40.000.000 денари на Општина Велес за изградба на нов затворен градски пазар. „Со Одлука за одобрување на средства од буџетот за 2019 година, од ставката за капитални дотации на единиците на локална самоуправа, од страна на Владата на РСМ, на…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НАСТАВАТА НА ТУРСКИ ЈАЗИК

Почитувани сограѓанки и сограѓани, припадници на турската заедница во Општина Велес, Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 21 декември, Денот на наставата на турски јазик. Образованието на мајчин јазик и неговата употреба се најзначајните човекови права кои како столбови на идентитет на еден народ, тој се…

ОПШТИНА ВЕЛЕС БЕЗ ДОЛГОВИ

„Општина Велес е општина без долгови. По моето доаѓање, исплатени се сите наследени долгови во висина од 2.800.000 евра, вклучувајќи ги и оние кон Јавното комунално претпријатие ‘Дервен’” рече градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција. Ослободена од долгови, во моментот Општина Велес има само тековни обврски создадени со градежните работи на…

МЛАДИНСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕС

„Со поддршка на Владата и Агенцијата за млади и спорт деновиве ги финализираме подготовките за реализација на проектот за отворање на Младински креативен центар во Велес”, изјави градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, на денешната прес конференција пред новинарите. Во рамки на Центарот, кој ќе биде лоциран во расположивите простории на локалната библиотека „Гоце Делчев“,…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, ги презентираше градежните активности кои општината ги спроведува во овој период. Во текот на месец декември започнаа градежните работи за изградба на пешачка патека и паркинг простор на неколку локации на езерото „Младост” кои како содржини се дел од  од проектот СМАРТ Езеро „Младост”. Додека…

ЗА ПРВ ПАТ ВО ВЕЛЕС ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

Во непосредна близина на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот”, на улица „Благој Ѓорев”, Општина Велес ги постави првите два подземни садови за отпад. Новите контејнери имаат подземна и надземна единица. Овие садови за отпад се стационарни контејнери, чијшто подземен систем, со сад за прифаќање на отпадот е со зафатнина од 3м3 и е вкопан…

РЕШЕНИЕ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПОЕДИНЕЧНА СУБВЕНЦИЈА ЗА НАБАВКА НА ЕНЕРГЕТСКО ЕФИКАСНО ГРЕЈНО ТЕЛО

Р Е Ш Е Н И Е По предлог на Комисијата за спроведување на Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територијата на Општина Велес  за набавка на енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година, се одобруваат барањата на следните подосители: Бојан Ников Борис Таневски Мери Стоилкова Александар Стефанов Трајче Шопов…