ПЛОШТАД КОЈНИК ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЛИК
Започнаа градежните работи за реконструкција на плоштад Којник. Жителите на едно од најстарите велешки маала кој секојдневно е збиралиште на голем број граѓани, ќе добијат уредено катче за одмор и релаксација.
Започнаа градежните работи за реконструкција на плоштад Којник. Жителите на едно од најстарите велешки маала кој секојдневно е збиралиште на голем број граѓани, ќе добијат уредено катче за одмор и релаксација.
Вториот ден од Европската недела на мобилност, во соработка со Младинскиот центар, одрживме младинска работилница во просториите на Јуроп хаус – Велес. На работилницата, се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат младите како пешаци при извршување на секојдневните активности. Учениците споделија и свои искуства при посета на други држави во кои јавниот превоз и…
Општина Велес информира дека од денеска 17 септември, започнува реконструкцијата на улица „Ристо Папазов“ и дел од улицата „Браќа Петковиќ“ во Башино село. Во текот на изведувањето на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид и обем, машини за кршење бетон, машини за ископ, транспортни возила и друго. На местото на изведување…
На 20 септември, во сабота, започнуваат едукативните работилници за изучување на подзаборавените стари занаети карактеристични за Велес. Во спомен куќата на Кочо Рацин ќе се одржи грнчарската работилница, во куќата на Васил Главинов ќе се одржи столарската работилница а ткајачката, копаничарската и работилницата за изработка на накит ќе се одржат во Куќата на Касапови. Можност…
Границата на планскиот опфат започнува, од северо-источна страна по осовина на ул. Благој Ѓорев до најјужна точка од каде опфатот поминува кон запад по граници на катастарски парцели, продолжува кон север по оска на ул Станбена 2, па по граница на катастарски парцели се до ул. Станбена 1 и ул. Станбена 6 кон север, па…
Преку спортско – едукативна работилница со дечињата од ОЈУДГ “Димче Мирчев” го одбележавме почетокот на Европската недела на мобилност која ќе трае до 22 септември. Најмладите уживаа во активностите изведени во соработка со Спортската академија “Јуниор” од Велес на детското игралиште „Дворови“, Велес. Децата пред присутните укажаа на потребата од подигнување на свеста за водење…
Во рамки на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2025“, Општина Велес организира Базар на производи од рачна изработка, што ќе се одржи на 10, 11 и 12 октомври. По тој повод, се повикуваат сите заинтересирани граѓани, правни и физички лица, кои сакаат да ги изложат своите ракотворби, да достават барање за тезга…
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дератизација на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност: Општина Велес ја известува јавноста дека денес, 16 септември 2025 година, под надзор од стручно лице од Центар за…
На 14 септември се навршуваат 83 години од масакрот на седумте припадници на Народното ослободително движење на Пуста Кула. Споменикот на кој се испишани имињата на жртвите на фашистичкиот окупатор е нем сведок за свирепото убиство на борците за слобода. На овој датум во 1942 година, во близина на селото Рудник, кај месноста Пуста Кула,…
Во тек се земјени работи за реконструкција на една улица во село Клуковец. По завршувањето на подготвителните работи, улицата ќе се бетонира. Рамномерниот развој на руралните средини е важен за развој на општината.