РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДАТА НА ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Активно се работи на реконструкција на фасадата на ССОУ „Димитрија Чуповски“ со што ќе се добие поголема енергетска ефикасност, намалување на трошоците за греење и ладење, заштита на животната средина и подобри услови во образовниот процес. За реализација на овој проект се обезбедени средства преку соработка со Владата и Министерството за образование и наука.